Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 38 | година VII | септември-октомври, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 38септември-октомври, 2004
Критика

Разум и рози

IN MEMORIAM: Чеслав Милош (1911-2004)


/3
стр. 1
Адам Загајевски

    Еден олимписки спринтер, за кого навива огромниот, восхитен стадион исполнет со љубители, се натпреварува во трката на сто метри. Уште од самиот старт тој се наведнува напред, ничкум скоро до самата патека, но со поглед во далечниот хоризонт; на половина од трката тој се исправа, простум како Мон Блан; и потем, како што се приближува до линијата на целта, се извива назад, но не само од исцрпеност туку и во почест на скриената симетрија од светот. Така е тоа и со енергичната брзина на поезијата на Чеслав Милош. Во раните години тој занесно мрмори магии за тајните на световите и огновите, за живописните катастрофи; во зрелоста го набљудува, пофалува и критикува стварниот свет, светот на историјата и природата; а како што навлегува во доцните фази од животот, тој сè повеќе слуша што бара паметењето, лично и над-лично.
    Не, тој сепак не е спринтер; тој е поет кој се ближи до кругот од деведесет години, поточно тој е сјаен маратонец, а не е воопшто заморен – неговата последна книга Ова (2000) е едно од неговите најголеми постигнувања. А стадионот бил честопати до болка празен, или, напротив, исполнет со непријателски и подбивачки гледачи; овој атлетичар си има своја судбина на осаменик. Но од атлетскава метафора остануваат трите пози, трите агли од неопходната ни близина кон земјата, што вистински го карактеризираат развитокот на овој поет.
    Стендал наводно беше кажал дека литературата е уметност на селекција, бидејќи е нападната од laisser de cote, па треба да го просее излишното. И Ведекинд кажал нешто слично – а несомнено и многу други автори, посебно модернистите. Но делото на Чеслав Милош како да се основа врз спротивниот принцип: не изоставај ништо! Не, секако, во смисла на мајсторството (поезијата очигледно не може да преживее без селекција и скратувања), колку што во смисла на неговата „поетска политика“ најопшто замислена. Треба само да посегнете по автобиографските Родно кралство (1958), Заробениот ум (1953), или скоро по секоја негова поетска книга. Во Родното кралство наоѓаме делови кои се историски, дури економични по природа, небаре Милош кажувал: ќе ви покажам како поезија може да се направи и од не-поезија, дека моќта на поетскиот ум е набиен од внесување на светот колку што е можно повеќе, а не во повлекување во гибелните области на внатрешната интимност. Не бегство од светот, од неславниот „ескапизам“ што беше омилено обвинение од Партијските критичари, туку една огромна осмоза: тоа е програмата на Милош. Тоа не е клинички стерилна осмоза сепак,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+