Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 39 | година VII | ноември-декември, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 39ноември-декември, 2004
Проза

Александар и смртта

(извадок)


/10
стр. 1
Слободан Мицковиќ

    Александар умре. Мртов е Александар.
    Боледуваше целава пролет. Остана долго во планините, во Екбатана, како да е таму зафатен, како да е таму неговиот престој најпотребен. Го одлагаше колку што може доаѓањето во Вавилон. Боледуваше, јас тоа го знам, зашто бев постојано крај него, но сакаше тоа да не се види, да не се дознае. Ја криеше својата снеможеност, своите сè почести, папсувања. Ги криеше и од мене а, чинам, и самиот од себе. Не умееше да боледува. Човек кој не умее да боледува, не умее ниту да живее. Та последниве месеци и животот му беше раскинат и растрган. Се зафаќаше де за едно, де за друго. Неколку дена мислеше само на градбата на новата флота, на новиот поход кон просторната Арабија, потоа ќе ги сменеше мислите. Се грижеше само за даноците, та ќе ја оставеше и таа, секогаш тешка и макотрпна работа, лут и незадоволен поради сè помалиот дотек на злато, на пари, на бесценети камења во царскиот трезор и со насобраната лутина ќе се фрлеше во создавањето на новата македонско-персиска фаланга. И тоа не се исполнуваше според неговите планови и замисли зашто Македонците не сакаа да се мешаат со Персијците. Персијците, пак, како што на сè гледаа одвисоко и во фалангата влегуваа како да мораат некому да оддадат почит што им е наметнато и што им тежи. Лутината му ја зголемуваше и нивното постојано изнудување на подобри места во фалангата, нивните понекогаш прикриени, понекогаш отворени уцени персиски офицери да добиваат повеќе полкови, во штабот да ги заземаат местата од кои повеќе се гледа и повеќе се може во сите воени работи. И во работите со снабдувањето, со парите, со оружјето. Кога ќе се засркнеше од бесот што му го носеа тие грижи, ќе се зафатеше со смирување на бунтовите во некои сатрапии. Бунтовите најчесто беа невидливи, но постојеа како сириште во млекото – малу е, невидливо е, но работи однатре, расипува и менува. Потоа ќе почнеше да се јаде околу ковницата за пари во која златото што влегуваше не даваше пари колку што тежи или во парите ќе се втопеше повеќе сребро. Пролетва беше Александар и лут на сè околу себе, бесен. Но најмногу на својата болест. Една ли беше, не знам. Мислам дека беа повеќе и дека се менуваа, непогрешливо како стражите пред неговиот шатор. Филип, својот лекар, го испрати во Вавилон за да не му ги гледа болестите. Се осамуваше, пиеше само тесалско вино за кое мислеше






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+