Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 39 | година VII | ноември-декември, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 39ноември-декември, 2004
Есеи

Филозофските аспекти на кинеското пејзажно сликарство

/8
стр. 1
Соња Димоска

    Кинеската уметност, како впрочем и секоја друга, се разбира преку самата неа. Да се разбере духот на кинеската уметност, значи да се разбере духот на источниот човек. А тоа, уште повеќе, значи да се разбере кинеската култура, филозофија, односно кинеската мисла чиј израз е самата таа уметност. И, можеби, многу повеќе одошто на Запад, зашто уметноста тука се доживува како комплементарен дел од целовитоста на животот, на сите нивоа на неговото живеење.
    Кинеското сликарство својот најзначаен подем и процут го доживува во времето на Танг (618-907) и Сонг (969-1279) династиите, ренесансни периоди на културна и воопшто цивилизациска преродба, на кои и се однесува овој труд. Конкретно, тука накратко се презентирани филозофските втемелувања и импликации на пејзажното сликарство.

1. Филозофските основи

    Она што уметноста на Истокот суштински ја определува, чијшто иманентен дел е, а истовремено е и нејзин израз, е филозофската мисла. Значи треба да се појде од филозофијата, особено таоистичката како израз на кинескиот дух и начин на мислење. Будистичката пак мисла, која, иако изворно е индиска, со навлегувањето во Кина, бидува битно изменета, вообличена и дури природно инкорпорирана во кинеската мисла, исто така е неопходна за разбирањето на кинеското сликарство. Естетиката на Исток „се развила во единствена фузија на будистичките и таоистичките принципи на искуството.“ (Inada, 1997)
    Нестабилните времиња што следеа со паѓањето на Хан династијата (211 н.е.), го ослабеа Кинеското царство, политички и економски, што се одрази и врз филозофскиот дух. Интелектуалната исцрпеност и резигнација, и кај таостите и кај конфучијанците, одат во прилог на надоаѓачката будистичка мисла, во која мислителите ја пронашле можноста за духовна и интелектуална реализација. Обидот, со преведување на сутрите, будизмот да биде разбирлив, да се доближи, резултира во сплотување на таоизмот и будизмот во едно ново учење, кое едновремено ќе ги носи обележјата и на двете – кинески будизам. Најдобро и најавтентично овој спој ќе биде изразен во Чан или Зен будизмот.
    Источните мислители доаѓаат до сознание за недоволноста на битието со него да се изрази сета полнотија на постоењето. Нивните, пред сè, духовни истражувања, и кај таоистите и кај будистите, резултираат со прибегнување кон друг аспект кој ќе даде поцелосни сознанија, ќе ги објасни постоечките и можните проблеми, а тоа е небитието. На прашањето, каде се среќаваат двете учења, Инада одговара: „За будистите тоа е, ‘откривањето’ на Празнината (sunyata) во настанувањето на нештата или Празнината во нештата-во-настанување. За таоистите тоа е ‘откривањето’ на Ништо-то (wu) во Тао-то на нештата.“ (Inada, 1997) При тоа: „Небитието не е спротивно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+