Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Критика

Македонскиот филм во балканскиот културен интертекст

/9
стр. 1
Елизабета Шелева

1.

Главната методолошка потпорна точка, од која поаѓа овој текст, произлегува од семиотичко-типолошкиот пристап на Тартуската школа во чии рамки, а под несомненото влијание и поттик на Михаил Бахтин како најзначаен филозоф на литературата и културата во XX век, е постулирана премисата за изоморфизмот меѓу книжевноста, или која било друга уметност, во случајов – филмот, од една страна, и културата, од друга страна, како комплексен Текст, составен од повеќе различни семиотички моделативни системи.
    Ако филмскиот текст, по аналогија со книжевниот, го сфатиме како подвид на текстот на културата, како што тврди Јуриј Лотман, тогаш доаѓаме до констатацијата дека „внатрешната организација на уметничката книжевност (во овој пример – на филмот, заб. Моја) е изоморфна на културата како таква, т.е. Ги повторува општите принципи на нејзината организација“.
    Така, поимот на културата се зема како почетен, а во структурната организација на уметничкиот текст (филм, заб. Моја) се трага по изоморфните својства и карактеристики, кои укажуваат на длабоката и непореклива културолошка обусловеност на уметничкиот модел, т.е. На моделативниот систем на конкретно дадениот филм.
    Преземајќи го, од друга страна, и методолошкото рамниште на компаративната книжевна наука, доаѓаме до втората методолошка насока, релевантна за нашиот пристап кон македонскиот филм: теоријата за полисистемската припадност на уметничките феномени од една национална книжевност, по аналогија – една национална кинематографија.
    „Секоја национална книжевност е монолитературен систем за себе, но речиси секоја појава може да биде присутна и во друг некој систем, било да е тоа епохален, регионален или жанровски“ – вели академикот Зоран Константиновиќ, еминентен европски компаративист од Инсбрук.
    Во нашиов случај тоа значи дека македонскиот филм, освен на својата матична национална кинематографија, истовремено може да им припаѓа и на некои други системи: на пример, епохалниот систем на постмодерната култура, жанровскиот систем на акциониот, историскиот или некој друг вид филмски жанр и, конечно, на регионалниот систем на Балканот, што во себе обединува многубројни компоненти: геополитички но, исто така, и културолошки.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+