Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 39 | година VII | ноември-декември, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 39ноември-декември, 2004
Критика

Куќа/праг-хоризонт: Номадското искуство

/7
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

    Сликата од насловот на овој есеј упатува на една од многуте дихотомии што го испресекуваат човечкото искуство. Сликата на седентарниот човек кој стои пред својот дом, својот космос и стравува од големото непознато, од она што може да го загрози, оттаде. Таа слика доминира во човековото колективно несвесно, затоа што, Жил Делез има право, историјата е напишана од седентарен аспект. И таа слика, ќе видиме подолу, трае: од Старите Грци, кои го создадоа дискурсот граѓанин/номад, односно цивилизација/варварство, па до најново време, кога обременети но и оправдани со модернистичкиот мит, државите повлекуваат мерки кои засегаат милијарди граѓани, за некои за добро за повеќето за лошо. Во редовите што следуваат ќе ја разгледаме дихотомијата седентарност/номадство од аспект на фасцинацијата со номадството која почнува од Ниче наваму, и која, се чини, ќе оствари доминација, барем над теорискиот дискурс, ќе ја лоцираме тензичноста на бинаризмот, но ќе укажеме и на авторите кои застапуваат „нечисти“ позиции. Техниката низ која е пишуван овој есеј е мизанабим, а методот е браузибилност: пролистани се 80 гугл страници со клучниот збор „номадизам“ и прегледани 1000 чукани страници џанк материјал. Најубавиот материјал е опљачкан, де-ре-кон/струиран и вграден во есејот како украдено авторство.

* * *

    Претставата за номадот во западната имагологија е дека тој е нецивилизиран, ирационален, деструктивен, акултурен. За Хегел, а подоцна и за Хоркхајмер и за Адорно тој е „човек во природна состојба“. Фридних Ниче го смета номадот за жител на пустината каде што не постои центар, и се е еквидистанца, бидејќи номадот е во постојано движење. Во пустината нема историја, патеки и развој, границите меѓу природата и културата, и меѓу реалноста, фантазмите се губат. Ниче вели дека номадот и државата се две спротивни нешта што можат да се соединат само преку насилство.
    Овој дискурс потекнува од Стара Грција. Номадизмот, забележува Нил Ашерсон, бил спротиставен на грчкиот градско-државен патриотизам кој се крепел на домољубието, континуитетот, населбеноста. Атињаните инсистирале на тоа дека биле „автохтони“ – биолошки вкоренети во нивното место на живеење. Според Франсоа Хартог не е тешко да се предвиди дека дискурсот на автохтоноста бил измислен за да ја создаде репрезентацијата на номадизмот и дека Атињаните, тоа имагинарно автохтоно битие, имале потреба од еден исто толку имагинарен номад. Скитите само одлично се вклопиле во пејзажот. Потоа, соочени со загрозеноста од Персија, грчките трагичари, ги измислиле варварите.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+