Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 39 | година VII | ноември-декември, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 39ноември-декември, 2004
Галерија Осврти

Homo homini... canis est?

(за филмот ДОГВИЛ на Ларс вон Триер, 2003 год.)


/7
стр. 1
Петар Волнаровски

1. Мисла. Интенција

    Понекогаш – ниту премногу често, ниту премногу ретко – некое уметничко дело, во својот обид да се разигра врз оние најсуптилни нишки на есенцијата на човечкото постоење, ќе ја исплете својата мелодија за човечкото постоење така, што таа мелодија ќе извие пев на ултимативните Вистини… И повторно – само понекогаш – тој пев ќе успее и да пробие доволно длабоко во оние кому е наменет, во оние длабини на човечката душа каде пристап имаат само оние „Вистини со големо В“… Вистини кои задираат позади сите оние ефемерности и заблуди што човекот – како битие растргнато сред своите обиди да го осмисли своето живеење овде и сега во оваа реалност – ги гради во и околу себеси: некогаш за да се заштити, а некогаш за да се поштеди себеси од „суровата“ реалност сред која живее. И така, по пократко или по подолго време, без разлика – тој успева да се загради и забарикадира себеси, своите чувства и својата суштина со таков ѕид од заблуди, полувистини и невистини кои само навидум му го олеснуваат неговото постоење во оваа реалност… реалност во која не ни е дадено a priori да ги знаеме вистините и убавините, туку мора да ги бараме за да ги пронајдеме…
    Таа потрага не е нималку лесна за оние кои далеку забегале (а сите успеваме далеку да забегаме) во градењето на своите чувствени и мисловни замоци околу најранливото и најповредливото место во нас: нашата душа… И така затворени во тие лажни лулки на спокојот, се осудуваме себеси – не да бидеме огнот на убавината на постоењето, туку само топол пепел на сеќавањето на тој оган што се запалил во нас со нашето раѓање овде… А во суштина, тоа нè разјадува однатре, а не однадвор! И – често доцна, иако, да не заборавиме, никогаш предоцна – сфаќаме дека она што нè повредува и застрашува не доаѓа однадвор, туку однатре, и дека сите тие кули и замоци што сме ги изградиле не се изградени само од грешната страна, туку дека се изградени комплетно без потреба! И тогаш, и само тогаш, започнува нашата потрага по тие „Вистини со големо В“… А за таа потрага да биде навистина целисходна, потребно е да се поставуваат вистинските прашања…
    

    И затоа, да се навратиме повторно на оние уметнички дела кои ги спомнавме на почетокот на овој долг вовед кон едно такво дело, овојпат филмско – филмот ДОГВИЛ на Ларс вон Триер – и да назначиме дека токму






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+