Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 39 | година VII | ноември-декември, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 39ноември-декември, 2004
Есеи

Манифест со чист јазик

за Роџер Витрак


/2
стр. 1
Антонин Арто

    Ако не верувам ни во Злото ни во Доброто, ако чувствувам толку силен порив за уништување, ако не постои ништо во редот на принципите на коешто можам да се потпрам, основниот разум се наоѓа во моето месо.
    Уништувам, зашто за мене сè што потекнува од разумот е неверодостојно. Верувам само во доказот на она што ми ја поттикнува душата, не во доказот на она што самото му се обраќа на мојот разум. Во кралството на нервот открив разни нивоа.
    Сега се чувствувам способен за проценување на доказите. За мене постои доказ во областа на самото месо, којшто нема ништо заедничко со доказот на разумот. Бескрајниот судир помеѓу разумот и срцето се разрешува во самото мое месо, но во месо кое е нахрането преку нервите. Во кралството на афективно неодредливото, сликата која ми ја пружаат моите нерви поприма форма на највисока интелектуалност, којашто одбивам да ја одвојам од нејзината интелектуална суштина. На тој начин го набљудувам создавањето на концепт којшто во себе го носи суштинското сјаење на нештата, концепт кој ме обзема со звукот на создавањето. Ниедна слика не ме задоволува доколку во исто време не е Знаење, доколку во себе не ја содржи својата суштина и својата луцидност. Мојот ум, преморен од дискурзивниот разум, сака да биде фатен во запчаниците на ново, апсолутно гравитирање. За мене тоа е налик на врвна реорганизација во која учествуваат само законите на нелогичното, и во која триумфира откритието на новото Значење. Значењете коешто беше изгубено во нередот на дрогите и кое ја претставува појавата на длабока интелигенција во контрадикторните фантазми на сонот. Ова Значење е победа на умот врз самиот себеси, и иако е неможно да се упрости од разумот, тоа постои, но само во внатрешноста на умот. Тоа е ред, тоа е интелигенција, тоа е означување на хаосот. Но тоа не го прифаќа хаосот како таков, го интерпретира, а бидејќи го интерпретира, го губи. Тоа е логика на нелогичното. И тоа е сè што некој може да каже. Мојот луциден неразум не се плаши од хаосот.
    Не отфрлам ништо од она што е Умот. Само сакам да го префрлам мојот ум некаде другаде со неговите закони и органи. Не му се предавам на сексуалниот механизам на умот, туку напротив во тој механизам тежнеам да ги изолирам оние откритија коишто луцидниот разум не ги пружа. Ѝ се предавам на треската на соништата, но само за од нив да извлечам нови закони. Трагам по умножување, по суптилност, по






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+