Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 39 | година VII | ноември-декември, 2004



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 39ноември-декември, 2004
Галерија Осврти

Поглед кон заборавеното

/1
стр. 1
Маја Чанкуловска-Михајловска

    Проектот Поглед кон заборавеното на Ибрахим Беди е составен од два содржински дела: внатрешен, галериски дел и надворешен, поставен на отворен проствор. Ваквиот начин на претставување воедно ги прикажува двата карактерисгични дискурса во творештвото на овој автор.
    

    Цртеж, објект-цртеж: Цртежите, прикажани во галерискиот простор, се надоврзуваат на циклусот интимни цртежи, започнат во 1996 година.(Мојата соба, Галерија CAM, 1996 и Мојот дневник, САС Галерија, 2002) и се хронологија на најинтимните детали од неговиот живот. Неговиот карактеристичен ракопис, составен од симболи и знаци (порти, птици), со доминантни светли бои (особено сини нијанси) го оживува заборавеното време на градот: чаршијата, улицата, маалото.
    

    Во овој дел, како издвоен циклус се претставени објекти-цртежи кои му се посветени на големиот исламски архитект Мимар Синан. Поедноставените необични форми на предметите – делови од употребени предмети, се патинирани со ведри графички интервенции.
    

    Инсталација: Процесот на нејзина реализација во неискористениот, заборавен и маргинализиран простор започнува со каменот-толчник, карактеристичен елемент од минатото присутен во муслиманските и христијанските куќи. На овој елемент, кој реферира на носталгија кон домот-огништето, се доизградува приказната раскажана преку суптилен, но комплексен состав на објекти архитектонско-скулптурално третирани. Изработени од минлив материјал (гранки, коноп, конци) овие објекти ги рефлектираат тајните на просторот од архитектурата на Мимар Синан и Кападокија. Според авторот, главната идеја во неговото творештво стои наспроти вечноста, односно контра она што во источната филозофија се нарекува put perest (човек кој верува во вечното).
    

    Во делата на Ибрахим Беди е присутна дијалектика на просторот (внатре – надвор, простор – не-простор) и времето (минато – сегашност, вечно – минливо). Поврзувањето на овие елементи се случува преку еден единствен отвор – прозорец, кој суптилно го мами и насочува погледот на посетителот кон соочување со себеси. Огледалата кои создаваат илузија иа длабочина се во насока на рефлектирање на маргиналното и преиспитување на она што се нуди како вистинито.
    Акцентот на изложбата Поглед кон заборавеното е ставен на топлината и интимноста на минатото и сеќавањата од кои авторот ја црпи енергијата за своите комплексни дела. Материјалот кој го користи е природен, архетипски (дрво, камен) и е во корелација со митското и ритуалното, наспроти урбаното. На овој начин, со користење на наједноставни готови (обработени, употребувани) или природни парчиња, авторот ги извлекува предметите од заборавот на реалноста и им дава ново митско и уметничко значење.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+