Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Критика

Фикција и реалност

/4
стр. 1
Сеад Џигал

1. Кога се разгледуваат односите помеѓу литературата и јазикот, речиси редовно ја допираме и темата за нивната референцијална функција, т.е. нивниот однос кон објективноста, појавноста и интерсубјективниот контекст. Ако се повикаме на неколку позабележани и прифатени дефиниции од науката за јазикот, литературата и знаците ќе се доведеме во навидум контрадикторна ситуација. Имено, ако ако истражувач или научник ги прифаќате придобивките на модерната лингвистика и нејзиниот основач Сосир тогаш тоа го подразбира и прифаќањето на неговата, тогаш футуристичка, наука за знаците во чиишто рамки тој ја сместува лингвистиката. Велам подразбира, бидејќи ова е едно од неговите клучни тврдења, врз коешто се потпира целокупната негова теорија за јазикот. Во таа смисла особено е значаен фактот што Сосировите концепти послужија како основа за зацврстување и оформување на науката за литературата, почнувајќи од руските формалисти преку европскиот структурализам сè до денес, како и на современите културолошки студии. Оттаму ќе заклучиме дека јазикот е само одделна пројава од поопштиот феномен знакот.
    За разлика до Сосир еден друг угледен научник тврди дека семиотиката е во принцип дисциплина која го изучува сето она што може да биде употребено за „лажење“ (U. Eco, Theory of semiotics.1976. стр.7).
    Во таа смисла, ако јазичниот знак се однесува во согласност со општите особености на сите останати видови знаци, што е сосема природно и да се очекува, во тој случај основите за дефинирањето и функционирањето на неговата референцијална функција стануваат мошне кревки. Кон што упатуваат сите видови знаци и од каква природа е феноменот референт се одговорите што ни се потребни за во конкретниов случај да ги разделиме бабите од жабите. До нив ќе дојдеме по индиректен пат, односно преку книжевни илустрации, коишто можат да бидат инструктивни во една пристојна мера. При тоа ќе се обидам да ги допрам појавите опфатени со адјективните термини фиктивно и реално.

2. Терминот фикција е изведен од латинското fictio, со значење ,,измислица“. Тој се дефинира како прикажување на нешто што не е реално и стварносно, но на начин што нереалното го сугерира како реално. Наспроти ова, реализмот, како постапка, подразбира прикажување на нештата онакви какви што се (Речник књижевних термина. Т. Фикција, Реализам) Но разјаснувањето на нештата се отежнува на теренот на литературата, каде што субјективноста е, би рекол, дистинктивна. Во културолошкиот радиус во којшто припаѓаме субјективната реалност се смета за помалку реална од објективната. Па начините на коишто се констриура и конвенционализира оваа објективна реалност ќе бидат мошне проблематични и дискутабилни. Но, бидејќи немам намера текстот да го






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+