Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 40 | година VIII | јануари-февруари, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 40јануари-февруари, 2005
Проза

Честит роденден

/10
стр. 1
Силард Подмазницки

    Сепак морав да ги отворам очите. Јорганот беше врел и лесен; тежините во мојата глава се бркаа наоколу, како да го мерев пулсот на сопствениот крвоток. Тапа болка ми се имаше вгнездено во тилот. Ако ги отворев очите, знаев дека ќе почувствувам вртоглавица. Се обидов да заспијам повторно: саат или два би биле бонус, поштеда од првиот, најужасниот стадиум на трезнењето, кога ништо не каде што треба да биде, кога дури и најслабата искра од сила исчезнала, кога за секое движење треба пет пати повеќе енергија и концентрација, и нема воопшто да биде изненадување ако еден од овие денови, во некојваков момент, светот се преполови на две.
    При првото мое движење, за да се напијам чаша вода и можеби аспирин, експлозија на студен воздух се мушна под постелнината. Се згрчив, се стресов. Потоа ме обли бран жештина, и веќе се капев во пот. Го кренав јорганот со нозете неколку пати, за пак да се стресам и да се препотам, да ги испотам отровите. Со секој нов бран жештина, си замислував како растрошеноста испарува од мене во јорганот, а кога една бовча од тоа ќе се префрли во него, ќе скокнам од креветот.
    Насетив навев од посебна миризба, арома на застојан веш и облека; подот испушташе студенило.
    Три дена го славевме мојот роденден; така е веќе со години, и ако го издржам ова, навистина ќе биде како пак да сум се родил.
    Го напуштив станот заедно со другите на првата ноќ; сите бевме орни и трезни, излегувавме и влегувавме од една во друга кафеана. После третиот ден, самата помисла за мирисот на рибјата чорба која беше оставена во мојата кујна беше застрашувачка. Веројатно некаде ќе се средам, можеби овде, и ќе се вратам дома. Не можев да поднесам повеќе; минатата ноќ, во дождот веќе почнав да гледам мали, искричави самовили во светлината на бандерите.
    По некое време се почувствував подобро и ги подотворив очите. Во собата сè уште беше темно; можев да го чујам звукот автомобилот кој со своите фарови расфрла ленти од светлина низ процепите на ролетните. Не се мрднав. Поминуваа сè повеќе и повеќе коли: мора да е пред мугрите, си помислив. Лежев на неколку чекори од прозорецот. Очите ми беа болно слепени; лентите од автомобилите пливаа наоколу, како стадо зебри да се спрепнуваа по ѕидовите. Навикнат сум да живеам во повеќекатна куќа а таму не се гледаат често вакви работи, си помислив, а веднаш потоа се прашав каде ли сум сега, по ѓаволите,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+