Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 40 | година VIII | јануари-февруари, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 40јануари-февруари, 2005
Есеи

Балканот е на некое друго место

/7
стр. 1
Игор Штикс

    Неодамна неколкумина мои пријатели од поранешна Југославија основаа бенд и сега доста успешно свират ‘музика на Циганите од Балканот’ низ париските локали и клубови. Не треба ни да се спомене дека никој од нив не е вистински Ром, дека не разбираат ниту збор на ромски јазик, дека музиката што ја свират е главно босанска, македонска и српска, со некои придодадени цигански хитови кои ги чинат легитимни името и успешната реклама како изворно ‘циганскѝ. Ми се насмеаја в лице неговите членови кога им приговорив за неавтентичност и ми препорачаа да ги оставам таквите ситници. Впрочем, како што велат, кој овде знае што ние навистина свириме, никој не забележува кога ги менуваме јазиците и, ако луѓето повеќе сакаат да веруваат дека слушаат изворни цигански песни од Балканот, а се работи, всушност, за босански севдалинки, кој има право да им го наруши задоволството со некакви вистини и факти?! Да се толкува, сега, чија музика е таа, кој од кого позајмил, кој кому влијаел, и кој е овде всушност балкански Циган, after all, на моите пријатели им се чини дека е обично губење време а тоа е, како што заклучуваат, и прашање без дефинитивен одговор. Овде сите ние сме Балканци, драг мој, а ако притоа треба да бидеме и Цигани, западната фантазија работи како луда и сето тоа во обострана полза. Впрочем, зарем не виде колку луѓе доаѓаат на нашите концерти?! Или очилата ти се замаглиле среде турканицата околу бината, некој, можеби, ти стапнал на чевелот или ти збрцал лакт в ребро, па сега ни ситничариш и ни морализираш?!
    Да, да, ми дадоа убава лекција, мора да признаам. Но, не се откажував од тврдењето дека консументите не може долго време да се залажуваат со балканските измислици и подметнувања. Така, решив на нивниот концерт да ја повикам Жилиет, доволно интелигентна и шармантна француска пријателка, за да го потврдам својот став и да им докажам на моите пријатели дека западната наивност, сепак, има свои граници. Така, една вечер се втурнавме на концерт на тие ‘балкански Циганѝ и се сместивме на шанкот, подалеку од самата бина, каде што бучавата не беше толку силна за да ги надгласи моите подготвени едукативни коментари и каде што непречено можевме да го следиме развојот на ситуацијата. Секако, дидактички ѝ допуштив на девојката да заземе сопствен став кон спектаклот кој штотуку почнуваше пред нејзините очи. Меѓутоа, спротивно на мојата цврста вера во наследството од француското просветителство, веднаш по воведната песна, Жилиет не можеше






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+