Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 40 | година VIII | јануари-февруари, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 40јануари-февруари, 2005
Есеи

Средба во самрак

/5
стр. 1
Мухарем Баздуљ

Двосмисленоста на здодевната историја

Русоовата сентенција Среќен е оној народ чија историја се чита со здодевност обично се толкува како желба за немање војни, немири, потопи. Можно е, меѓутоа, здодевноста да настапи и со упорно и монотоно повторување на слични настани, па макар тие настани, во основа, и да немаат карактер на здодевни. Сакам да кажам дека монотонијата на постојаното повторување на непријатните настани ја нема онаа леснотија на здодевноста која го донесе истерувањето од рајот и која е, покрај безделничењето, верен придружник на среќата. Но, како што човекот судбина го нарекува само она што го сотира, иако и среќните случајности се плод на судбината, така и за здодевност, општо земено, се смета само монотонијата на пријатните доживувања. Се вели, толстоевски, дека само несреќите се посебни, дека сите среќи се исти, а дека несреќните семејства и земји се несреќни секоја на свој начин. Хајне не би се согласил со Толстој. Секоја несреќа е familiengluck. Босанската несреќа е несреќа на распнатоста: за Исток, дива граница и бунтовен предѕид, за Запад, ѓаволски остров и темната страна на месечината.

Тежината на чадот

Но, двосмисленоста на здодевноста не е единствената историска двосмисленост. Сета историја е своевиден амбигвитет. Сите народи имаат своја историја. Да се оствари Раселовото Let the people think е недостижно како и онаа држава на неговиот древен земјак во чие име се крие нејзината недосегливост: Утопија. Херојот секогаш е и злосторник. Англискиот благородник и славен морепловец, за Шпанците е пират и разбојник. Сигурно е единствено тоа дека го донел тутунот во Европа и дека ја измерил тежината на чадот одземајќи ја од претходно измерената тежина на цигарата, тежината на догорчето и на пепелот, откако ја испушил цигарата. Тутунот како земјоделска култура во Босна односно Херцеговина е донесен од страна на Али-паша Ризванбеговиќ – херцеговски султан и црногорски крвник, лут противник на владиката Петар II Петровиќ Његош – црногорскиот Соломон и поет на колежите.

Вилкинсон

Гарднер Вилкинсон (Gardner Wilkinson), опашан со меч, според чесната семејна традиција (чиј ироничен контрапункт и опачина се видливи од амблемот на индустријата за жилети), патувајќи по Херцеговина и Црна Гора си поставил себеси благородна задача да посредува меѓу Али-паша и Његош и да придонесе да се укине грдиот и варварски обичај на сечење глави, кои потоа служеле како трофеи. На едно место, Вилкинсон вака го толкува настанувањето на неговиот за пофалби вреден порив: Признавам дека искрената желба таквиот обичај да се укине ми се јави кога отидов на Цетиње и видов дваесет турски






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+