Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 40 | година VIII | јануари-февруари, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 40јануари-февруари, 2005
Критика

Поетика на прогонство

за книгите поезија на Богомил Ѓузел, The Wolf at the Door, Xenos Books,
и Махмуд Дарвиш Unfortunately, It Was Paradise, UCP


/4
стр. 1
Кевин Кароло

    Родините сакаат да нè измамат да поверуваме дека тие, а и ние, се вечно трајни. Кон прашањето на родот и домот делата на Махмуд Дарвиш и Богомил Ѓузел му пристапуваат со една егзистенциелна поетика на прогонството. Поетиката на прогонство покажува како ефемерните оттуѓувања на животот ги исцртуваат димензиите на фиксното и вечното. Иако личното оформување на секој од овие двајца автори е значајно различно, Палестинецот Дарвиш и Македонецот Ѓузел ни се претставуваат како поети-роднини кои ги осуетуваат претставите за времето, јазикот, митот, идентитетот, и домот-родот за да го убедат читателот да стане нешто друго, да стане нешто поголемо. Дарвиш и Ѓузел ни нудат конфликтни егзистенцијални императиви за негувањето и растурањето на смислата за домот-родот што ни го нудат родините. Тие прашуваат: каде е тој дом-родина без граници? Ова е моќно и битно четиво за глобалниот граѓанин на 21. век.
    

    Иако Македонија успеа да го избегне внатрешниот конфликт за време на 1990-ите, кога биле напишани некои од песните во збирката Волкот на врата од 2001, поезијата на Ѓузел ги инвоцира митските размери од поновата бурна историја на регионот. Проникнато во грчката митологија, и самосвесно за современите егзистенцијани предизвици поставени од многуглавата хидра што ја наречуваме „балканизација“, неговото дело ни изгледа еднакво древно колку и постмодерно. Волкот на врата ни нуди прозни преводи и стихови што одново ги испишуваат древните и модерни митологии од перспективата на такви личности како Пандора, Јуда Искариотски, орелот кој мора да го јаде џигерот на Прометеј, и неверливиот Тома, близнакот на Исус. Во песната ’Крајот на векот’, тој пишува:

    Велат, по нашето Паѓање
    Господ се изгонил себе
    се затворил во себе самиот
    за да се роди и за да го родиме
.

    А ние само го дувнавме пламенот
    не исчезнавме –
    се вративме во непостоење
       тлееме однатре.

    Ереста на Ѓузел им одава признание на божествата кои се образувале според човечки образи, суштества кои, како нас, мора да се враќаат одново и пак во утробата на креацијата. За жал, рајот не е никогаш доволен.
    Поттикот да се пригрли сјајното внатрешно ништо го објаснува и виталниот аспект на делото на Дарвиш. Во долгата песна ’Мурал’, тој тврди: Во мојата смрт има извесен живот. Ова сфаќање води до потамошни тешки прашања: Што би можел да бидам во смртта по мојата смрт? / Што би можел да бидам во смртта пред мојата смрт? Фактот на смртноста значи дека поезијата мора да пригрли двојни проспекти на живот-во-смрт и смрт-во-живот. За Дарвиш одговорите на овие прашања можат да се најдат






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+