Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 40 | година VIII | јануари-февруари, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 40јануари-февруари, 2005
Звук Осврти

Кобна убавина – крик на негодување кон мршојадите

/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

Албумот им се обраќа на оние кутри изманипулирани и уморни душички што низ процесот на „деобразование“ како и сите ние, биле подложени на индоктринација и политичка кастрација, така што и при секое спомнување на зборот политика им се превртуваат цревата во утроба – велат Горазд Чаповски, Горан Трајковски, Влатко Каевски, Жарко Серафимовски и Илија Стојановски, момците кои застанаа зад новото откровение на култниот македонски состав

Мизар, составот кој своевремено поради игнорирањето на тапоглавите во тогаш единствената домашна продукциска куќа МРТВ, преку Словенија со две винилни објави (Мизар – 1988, Свјат dreams – 1991) стигна во Македонија и одовде кон светот, по цели 13 години има нова објава. И, тоа е сосема доволно за да ја крепиме мислата дека нешто сепак се случува, дека не е сè ојдено во матната. Кобна убавина е албум од кој се очекува да биде силен импулс и за останатите немирници од жилавата македонска супкултурна сцена.

Кобна убавина како албум е показател за зрелоста на третото откровение на МИЗАР. Од идејата на возобновување на бендот, до неговата реализација, минавте низ сцили и харидби. Најнапред се покажа дека ве делат планини со Горан Таневски, потем се разделивте и со Ристо Вртев со кого ја снимивте Почесна стрелба. Кој беше пресвртничкиот момент во одлуката да се оди натаму: топлиот прием на публиката во СРЦ Кале, серијата концерти во соседството или нешто друго?
    – Инаетот за да му се спротиставиме на македонскиот синдром на самоуништување над сè. Иако не смееме да ги запоставиме фактите за успешноста на нашите концертни излети, кај нас и надовор од нашата земја, сепак огорченоста кон неспособноста за пошироко заедничко „делање“ нè направи силни и одважни да се надминеме себе си и во одреден момент да спремиме половина концерт за седум дена и не ги изневериме луѓето кои со нетрпение очекуваа да нè слушнат, а од друга страна да ги разгневиме кодошите што сакаа да нè видат на плеќи т.е. како го откажуваме концертот.

Материјалот за албумот беше создаван во едно навистина турбулентно време за опстојот на Македонија. Колку сето тоа влијаеше врз музиката и поетиката што излегуваа од вас како творци? Се обидовте ли со творештвото да им се спротивставите на демоните што се надвиснаа врз здравата творечка мисла?

– СО СЕТА СИЛА! Овој албум е крик на негодување кон бандите домашни и странски мршојади кои ја сардисаа од сите страни нашава татковина изминативе години. Кобна убавина е уметнички предизвик – фрлена ракавица кон „ѕвездите“ од планините и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+