Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 40 | година VIII | јануари-февруари, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 40јануари-февруари, 2005
Звук Осврти

Кој има уши, нека чуе! или: Политички некоректна музика

Мизар, трето откровение: Кобна убавина


/3
стр. 1
Крум Велков

Hey you don' t help them to bury the light
    Don't give in without a fight.
    (Pink Floyd: “Hey You”, The Wall)

    

    Не е само музичката страна на албумот Кобна убавина тоа што ме вдахнови да напишам еден емоционален текст. Верно, во него откривам исклучителен спој од хармонии и мелодии (што и единствено ме занима и допира кога е во прашање музиката. Чистата музика е чиста емоција или: облагородена страст. Тоа морално го оправдува парадоксот: во едно пред сè музичко остварување, повеќе од сите силни стручни интелектуализирања и философирања во Македонија последниве години, мене и мисловно, повеќе од сите нив, да ме поттикне токму каузата на овој албум, неговиот идеолошки и уметнички концепт, неговата философска заднина, поетско-симболичката сила на текстот, а најмногу од сè – неговиот жесток политички ангажман. Така е тоа кога на исто место ќе се сретнат двата клучни елементи за едно креативно дело: уметничкиот талент (емоцијата, т.е. љубовта, сфатена како агапе) и чистата идеја (разумот, како отеловување на когнитивното битие на човекот, во платоновска смисла). Плус искреноста, храброста и знаењето нештата да се кажат директно кога е во прашањето вистината, а метафорично кога пее, поточно кога пое поезијата. Кобна убавина кобно ме „фати“.
    Значи, сè помалку нешта во Македонија се инспирација, а сè повеќе се конспирација. Ние сите сме сведоци и учесници во одумирањето на цивилизацијата што ја познаваме и што нè изградила. Тоа е и причината зошто не можеме да ја видиме нејзината целосна агонија. Внатре сме и придонесуваме за тоа. Не можеме да сфатиме дека има премногу естетика, а премалку убавина. Мала разлика, навидум, но со енормни духовни последици.
    Ова дело е толку „политички некоректно“ (шифриран код на светската олигархија под кој е подведено сè што не е мејнстрим, т.е. сиромашно во умот, во сите сфери на општествата, па и во музиката) и антагонистичко кон лажната реалност што ја живееме под политичка и духовна диктатурата на Левијатанот наречен меѓународна заедница, што е далеку поефикасно од лудите фундаменталистичките закани, на пример со антракс. Карикирано, а можеби и не, кога би го испратиле Кобна убавина до озвучените канцеларии на бирократските стаорци од Брисел, Вашингтон и Лондон, и кога тие би го разбрале, ми се чини дека нема да поминат три дена, а да не дојде некој дресиран мајмун со дипломатски манири, за да ни препорача да не го слушаме, тоест да го бојкотираме, оти тоа несомнено ќе не оддалечи од евро-атлантските интеграции.
    Кобна убавина
е антиглобализациски рилоуд на измиениот мозок, во нашиов






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+