Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 41 | година VIII | март-април, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 41март-април, 2005
Проза

Црна вдовица

/10
стр. 1
Ерика Џонсон Дебељак

црна вдовица, Latrodectus mactans, отровен пајак чијашто женка е потполно црна, освен црвениот знак во форма на песочен часовник кој се наоѓа на долната страна од нејзиниот абдомен

    Една чудна жена ме посети рано утрово. Мислам дека се појави некаде околу шест: отприлика еден саат пред времето во кое будилникот беше наместен да ѕвони, и некое време откако септемвриското сонце почна да навлегува низ бледите бели завеси на прозорецот од мојата спална соба. Веројатно беше било околу шест, кога подобро ќе размислам, бидејќи се сеќавам дека утринскиот воз којшто минува крај нашата куќа на секој половина час веќе беше протатнил. Душекот се имаше малку вдлабнато под мене и се разбудив со чудно чувство на страв, како некаде далеку да беше детонирана некоја експлозија. Се смирив ставајќи ја дланката врз мирното тело на маж ми кој лежеше до мене, и додека гледав како лентите на завесите полека се лулаат напредназад, напредназад. Изгледа дека тогаш повторно сум задремала.
    Се разбудив набргу потоа, со она чувство дека некој те гледа. И, потполно сигурно, таа беше таму: темна, замотана, женска фигура која неподвижно стои на прагот од собата. Делуваше прилично романтично додека стоеше таму, грациозно потпирајќи се на рамката од вратата. Тивко ја разгледа собата, со крупните очи во крупен кадар го фати креветот и мажот и жената кои спиеја во него. Ја гледав низ полузатворените клепки и се чинеше дека нејзината црна силуета го поприма заматениот облик на жена од далечно време, формата на нејзиното торзо беше благо нарушена од нешто што би можело да биде корсет или појас. Изгледаше толку темна во белата рамка на вратата што можеше да биде и калуѓерка во црна носија која се потпира врз некој лак на некој засводен плоштад. Или на дама во траур, која се одмора на некој столб во салата за танц и ја набљудува прославата на која, поради тоа што е од неодамна вдовица, не ѝ е дозволено да учествува.
    А потоа: се помрдна. Чудната, соновидна фигура се помрдна. Не само што се помрдна, туку и ми прозборе. Најпрвин го крена бледиот прст кон својот превез, со гест што требаше да ме стивне – иако ни глас не испуштив. Сепак морав потполно да ги отворам очите. А потоа, со едната дланка пред покриеното лице, ја крена другата и мафна кон мене. Движењето на дланката и прошептениот збор:
    „Дојди“, ми рече: „Дојди“.
    Ја послушав. Не знам зошто. Можеби бев исплашена дека ако остане таму на вратата, ќе го разбуди






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+