Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 41 | година VIII | март-април, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 41март-април, 2005
Есеи

Вечен фашизам

/5
стр. 1
Умберто Еко

    Наспроти извесната замагленост во однос на разликите помеѓу разните форми на фашизмот, мислам дека е можно да се направи список на особини кои се типични за она што би сакал да го наречам Ур-фашизам, или Вечен фашизам. Овие особини не можат да бидат организирани во систем – многу од нив се контрадикторни една на друга. Исто така, тие се типични и за некои други форми на деспотизам или фанатизам. Но, доволно е една од нив да е присутна за да се дозволи на фашизмот да коагулира околу неа.
    
    1.

    Првата особина на Ур-фашизмот е култот на традицијата. Секако, традиционализмот е многу постар од фашизмот. Не само што тој бил типичен и за контрареволуционерната католичка мисла по Француската револуција, туку бил роден во доцната хеленистичка ера, како реакција на класичниот грчки рационализам. Во зоната на Медитеранот, луѓето кои припаѓале на различни религии (мнозинството од верите кои ги прифаќал римскиот пантеон) почнале да сонуваат за откровение кое било примено во зората на човечката историја. Ова откровение, според традиционалистичката мистика, долго време останало скриено под превезот на заборавени јазици –во египетските хиероглифи, во келтските руни, во записите на малку познатите азиски религии.
    Оваа нова култура требала да биде синкретистичка. Синкретизмот не значи само, како што вели речникот, „комбинацијата на различни форми на верување или делување“, туку и дека таа комбинација мора да толерира и контрадикции. Секоја од првобитните пораки содржи зрнце од вистината, и иако личи дека тие кажуваат различни или некомпатибилни нешта, сите тие демек, во основа, алудираат, алегориски, на истата примална вистина.
    Како последица, ваквите култури не дозволуваат напредок во учењето. Според нив, вистината е веќе искажана, еднаш засекогаш: најмногу што може да сториме е постојано да ја интерпретираме истата порака.
    Ако ги разгледате полиците кои во американските книжарници се означени со Њу Ејџ (New Age), ќе најдете книги и од Свети Августин, кој, колку јас што знам, не бил фашист. Но комбинирање на Свети Августин и Стоунхенџ (Stonehenge) е знак на Ур-фашизам.
    
    2.

    Трационализмот имплицира отфрлање на модернизмот. И фашистите и нацистите ја обожавале технологијата, додека традиционалистичките мислители обично ја отфрлаат како негација на традиционалните духовни вредности. Сепак, иако нацизмот се гордеел со своите индустриски достигнувања, неговата пофалба на модернизмот била само на површината на идеологија изградена врз крв и земја (Blut und Boden). Отфрлањето на модерниот свет било преправено како неодобрување на капиталистичкиот начин на живот. Просветителството, или ерата на Разумот, ја гледале како почеток на модерната морална корупција. Во оваа смисла, Ур-фашизмот може






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+