Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 41 | година VIII | март-април, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 41март-април, 2005
Галерија Осврти

Опседнатост со сликарската онтологија

Драган Петковиќ (1952-2004)


/4
стр. 1
Соња Абаџиева

    Еден од најлојалните приврзаници на апстрактниот дискурс во македонската ликовна уметност е Драган Петковиќ. Со неодамнешната негова трагична смрт Македонија го изгуби најконсеквентниот проследувач на феноменолошките истражувања на сликата.
    Драган Петковиќ е роден во Скопје во 1952 година. Можеби, од Академијата за ликвни уметности во Љубљана, на која дипломираше во 1977 година, потекнуваше неговата германска дисциплина на духот и дејствувањето, желбата хаосот да го пресоздаде во ред и систем. Самостојно излагаше прво во Клубот на новинарите (1981) во Скопје, потоа во Младинскиот културен центар (1983), во Галеријата на Студенсткиот културен центар во Белград заедно со Благоја Маневски и Јован Шумковски (1988) и конечно, со една мала монографско-ретроспективна изложба се претстави и во Музејот на современата уметност во Скопје (1988). Во Загреб, Белград и Скопје (1985-1986) Петковиќ беше меѓу шесторицата учесници на изложбата „Од Чудотворностите на ливадата до радоста на живеењето“. Освртите на критичарите од Загреб и Белград кои мошне објективно ја оценија оваа изложба, ја стимулираа еуфоричната димензија на нивната креативна енергија. Драган Петковиќ, заедно со другите учесници на споменатата изложба (Симон Шемов, Анета Светиева, Димитар Манев, Глигор Стефанов, Петре Николоски) беше дел од генерацијата што најексплицитно се отвори кон ликовните простори на другите републики во некогашна Југославија и го проби патот на новиот статус на македонската нова ликовна уметност во бившата Федерација. Новата оценка на овие автори со свежи идеи и нов диксурс делуваше на сите нив нагласено поттикнувачки, но Драган Петковиќ пермаментно живееше со споменот за ова, пошироко од македонскиот стеснет културен ареал, признавање на нивниот особен творечки потенцијал. Петковиќ потоа излагаше на значајни, строго селективни, изложби во Риека, Сараево, Загреб, Скопје, Љубљана, беше застапен на антологиската изложба во МСУ во 1994 година, на изложбата „9½ : Нова македонска уметност“ (1995) и на студиската изложба „Преобразби на македонското сликарство“, исто така во МСУ (2000).
    

    Драган Петковиќ се појавува во ликовните сфери на Македонија кон крајот на седумдесеттите, во клима изморена од доминацијата на една насока, а љубопитна за будење на автентичноста на уметничката мисла низ истражување на сопствените внатрешни простори. Во духовните светови на младата генерација од овој период видливо е изменетето однесување во однос на светската ликовна емпирија. Како припадник на вака ориентираните автори, Петковиќ без хипотеки и предрасуди ја објавува својата предилекција за американските апстрактни експресионисти и минималисти – за митската гестуална кореографија на Џексон Полок, за подготвеноста на Ад Рајнхард да ја повторува бескрајно својата слика Ultimate painting No.19, за Барнет Њумановата редукција на Пит Мондријановиот концепт






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+