Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 41 | година VIII | март-април, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 41март-април, 2005
Звук Осврти

Зоран Маџиров – музичар-номад

Не се плашам од ништо!


/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

Далновод е совршен логичко-космички спој помеѓу интелектот и интуицијата со голема и ведра доза на духовитост. Ете, на тој начин јас го предизвикувам просечното и натпросечното слушателско уво од речиси сите страни на светот, вели во интервјуто за Блесок македонскиот вибрафонист и волшебник на шишиња, светски патник со привремена адреса на живеење во Германија – Зоран Маџиров

Маџиров како артист, како уметник и изведувач од посебен ков ги има сите атрибути на голема интернационална атракција. Со сопствената умешност во изведбата на вибрафон и особено со бравурозното поигрување со ритмите откорнати од површината на обичните стаклени шишиња, тој го свртел светот надолго и нашироко. И, секаде каде што го чуле и виделе, каде што го почувствувале неговиот изведувачки магнетизам, од родната Струмица до Њу Јорк… останале фасцинирани. Зад себе има неколку албумски објави, а од неодамна добар дел од сопствената енергија вложува во новиот проект во кој членува и сограѓанинот Петар Тасев – Далновод.

Како дојде до формирањето на дуото Далновод?
    Далновод е типичен made in Струмица проект. Средбата со Петар Тасев се случи под веќе легендарните необично магични околности во нашиот роден град. Не би сакал тоа социолошки или философски да го објаснувам, меѓутоа моето запознавање со него беше „една од оние големи работи“. Кога ја слушнав неговата музика, знаев дека ќе мора да се случи судбоносен спој на две екстраординарни личности. Петар е необичен артист. Тој е апсолутно сигурен во тоа што го прави. По вкус и естетика е типичен претставник на денешната модерна и бескомпромисно држи до тоа. Свири компјутер и компонира музика што метафизички ја објаснува иднината. Поседува слободен дух и камиказно храбар извор на фантазии. Во неизбежната заедничка работа се покажа како вистински професионалец подготвен за работа на „долги патеки“. Заедно, обидувајќи се да ги помрднеме лимитите и границите на модерната музика, открив дека може да ја направи музиката што никогаш не сум ја (сме) слушнал(е)… Она нешто за што се стреми секој авангард.

Колку работата во дуото ќе му пречи на дејствувањето на музичкиот номад како солист? Ќе се има ли време за сериозно посветување на
    активностите на проект како Далновод?

    Јас сум познат по тоа што можам да контролирам неколку работи едновремено. Ангажманот на повеќе проекти ми причинува задоволство. Со оглед на фактот дека денот има 24 часа, а годината 52 недели, навистина сè е можно. По неколкуте екстравагантни настапи во Минхен околу Божик, по секој концерт со хеликоптер бевме префрлани до Штутгард за да стигнеме и на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+