Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 41 | година VIII | март-април, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 41март-април, 2005
Звук Осврти

Кирил Џајковски – модерен музичар

Немавме многу време, но затоа имавме многу енергија


/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Би сакал времињата што доаѓаат помалку да ги рационализирам, а повеќе да ги пречекам со ентузијазам и позитивна енергија. предизвикот на секој проект што ќе го работам, како и досега, да го совладам во потполна креативна слобода – вели во интервјуто за Блесок Кирил Џајковски, нашиот најплоден автор на филмска музика

Во текот на изминатава недела на пријатели, новинари, актери, филмаџии… урбани луѓе од градов и државава, им беше поделен целокупниот тираж со саундтракот за филмскиот хит Балканкан што како сопствено издание го отпечати Прва партизанска продукција. Со тоа режисерот и продуцентот Дарко Митревски и авторот на музиката Кирил Џајковски затворија уште едно поглавје од сторијата за успешниот проект. Овој вториов, дури и не исчека чесно да се изврти носачот на звук во етерот, а веќе го фати авионот за Австралија каде ги завршува преговорите околу еден интернационален проект. Типично за Кирил, кој не милува многу да ги појаснува нештата, туку само да си ја гледа работата. А, богами и го прави тоа мошне умешно и квалитетно. Затоа, Џајковски денес не е само оној кој почнал со Бастион, првиот македонски електро-поп бенд, ниту момчето кое свиреше клавијатури со Леб и сол, артист кој прави електронска музика со умно посегање по сопствените гени, дел од Aparatchiks, соработник на Кисмет таму „долу некаде“, автор на „наменска“ музика ценет и баран од врвни режисери… туку прототип на модерен музичар, креативец кој живее во своето време и создава музика чија моќ ќе патува во иднината. А, преписката со него, одеше некако вака:
    
    Како Кирил го објаснува интересот за Баба Зумбула? Очекувавте ли со Дарко Митревски, режисерот на Балканкан и авторот на текстот за песната, дека ќе ви се случи хит?

    – Искрено, не знаев што да очекувам. Единствено само се надевав дека на публиката ќе ѝ се допадне, посебно имајќи в предвид дека одамна не сум направил вокална нумера од овој вид. Ваквата реакција навистина е големо и пријатно изненадување. И сево ова е атрактивна промоција на Балканкан, што посебно ми е драго, зашто сметам дека филмот на еден забавен и духовит начин ја отсликува оваа необична сторија.

Музиката му дава една особена динамика на филмот. На моменти дури тој делува некако „спотовски“.
    – Со Дарко се најдовме на иста бранова должина и соработката ни беше беспрекорна. Тој имаше многу јасна визија и прецизни инструкции во врска со употребата на музиката во филмот. Немавме многу време, но затоа имавме многу енергија и детерминираност. А спотовската димензија секако произлегува






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+