Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 42 | година VIII | мај-јуни, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 42мај-јуни, 2005
Проза

Враќање во Балатонсентѓерѓ

/9
стр. 1
Андреа Писац

    Помеѓу Јакша и мене стојат три необјаснети патувања во Будимпешта. Висат над нас како недовршена работа. Неискажливо признание чиј што рок на траење изминал и после кое повеќе нема ослободување. Сета сегашност која што ја делиме е заразена со злобниот вирус на непознатото, мрачно минато. Дури и во стеснетото купе на возот во кој едвај збира повеќе од две човечки души, тие негови три заминувања клечат како некој стар отпад. Отфрлени скапаници од ’рѓосани автомобили или расипани шпорети кои бавно гнијат во обраснатите внатрешности на шумите. Злостор над природата. Ги гледам маркушевските селани – мислат дека нивниот железен отпад исчезнува ако не гледаат како гувее на источните падини на Медведница. Дури и кога одново ќе минат покрај своето старо распаднато Југо кое тажно виснало на оголениот засек на планината, се прават дека тоа не дело на нивните раце. Или навистина не гледаат? Тие задишани и испотени селани имаат повеќе трошки мудрост од мене. Гледаат во своето недело и уверливо вртат со главите кога ќе ги прашаат кој го сторил тоа. Можеме ли и ние така? Свесно да одлучиме за нашите мината?
    Јакша и јас не сме паметни што да се прави со нашето несварено минато. Неможно е да се ослободиме од него. Го клоцнавме од патот во провалијата, надевајќи се дека временските непогоди ќе го разградат до непрепознатливи елементи. Но не успеа – ни недостасува маркушевска мудрост која е во состојба безболно да ја пресече врската со ’рѓосаната крнтија и после дваесетина години верно служење. Ние, страствени планинари, секојдневно се враќаме на истото место во шумата и му ја колнеме мајката на примитивниот свет – погледни ги, како воопшто можат, ѕверови – наместо да се завртиме и да продолжиме по некој друг пат, мудро правејќи се дека тоа не сме ние. Тоа никако не е дел од нашето минато. Полека стануваме опседнати со посетување на истото шумско ѓубре. Како да негуваме домашно милениче и редовно му носиме храна и вода. А всушност, на Јакша косата му се крева од ѓубре и неред. Едвам поднесува слој мрсна прашина помешан со смрдеа на изедени сендвичи кој се таложи на навлаките на седиштата во возот. Во задушливото купе го молам да не пуши. Дури ни со отворен прозорец. Возот бесрамно бавно се влече преку унгарската пустелија, хипнотизирачки здодевниот пејзаж, и се чини дека во Загреб нема да стигнеме во ветеното време. За последен пат се вративме кај нашата гладна крнтија за, како што вели






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+