Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 42 | година VIII | мај-јуни, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 42мај-јуни, 2005
Проза

Бегалец

/7
стр. 1
Томас Шапкот

    Емре стануваше во пет. Ја ставаше сламарицата под каучот за фрау Лозберг да може да ја користи малата соба за да шие преку ден. Емре беше благодарен за овој простор. Беше многу поподносливо отколку во Доселеничкиот хостел. Жена му и ќерката сè уште беа во женскиот дел, но тој се имаше решено дека на тоа мора да му се стави крај. Моменталната ситуација беше само привремена, иако живееше во предната соба на фрау Лозберг веќе десет недели. Стан – макар и со само две соби – ќе се најде некаде. Аделаида имаше многу куќи кои беа поделени на станови, со заедничка кујна и бања, но барем беа подобри отколку ноќевалиштата и нејадливите оброци во хостелот.
    Веднаш откако избега од хостелот, Емре можеше да ја извади својата скапоцена машина за пишување од кожниот куфер. Тоа беше единственото нешто кое успеа да го земе со себе. Тастатурата беше унгарска, но можеше да послужи и за англиски. Емре, на дебела бела хартија, исчука многу копии од својата потсетница и потоа сите внимателно ги исече:
       др. Емре Халас Ll.D
       Преведувач и лингвист.
       Лични писма и документи
       исчукани и подготвени за испорака.
    Ја стави адресата на фрау Лозберг. Таа се согласи со тоа, откако тој ѝ вети дека ќе ѝ исчука копии на сите договори за закуп со нејзините станари, изразено како „надомест за трошоци и одржување“ за да се избегнат австралиските даночни пцишта.
    Емре секогаш внимателно пишуваше, иако се грижеше за векот на лентата во машината. Секоја поштенска марка му задаваше грижи.
    До 5 и 15 веќе беше измиен, избричен и облечен, со козјата брадичка совршено поткастрена. Без појадок. Волнениот костум сè уште делуваше претставително, фрау Лозберг одлично ги имаше превртено манжетните и крагната (во замена за молерисувањето на предната фасада) и го увери дека костумот ќе може да го носи уште долги години, доколку не ги излиже рабовите на џебовите со разни предмети. Го зеде својот речиси нов хомбург (чудото од Англикер) и ги закачи велосипедските штипки. Првата работа која ја купи откако излезе од Доселеничкиот хостел беше една актовка. Ја мачкаше со масло и ја полираше а на предната страна на велосипедот вгради посебен држач за неа, за да ја носи на работа. Велосипедот беше главната инвестиција и тој сè уште беше престрашен – сонуваше дека му го украле, или дека го удриле, или дека на улицата експлодира бомба, иако колегите, со смеа го разубедуваа дека бомбите не паѓаат во Аделаида. „Ова не е Европа, бате“.
    Секојпат


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+