Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 42 | година VIII | мај-јуни, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 42мај-јуни, 2005
Есеи

Придобивки во преводот

/13
стр. 1
Ерика Џонсон Дебељак

    Во април 1992, во Рим имав рандеву со мојот љубовник на далечина, Алеш. Патував со прекуокеански лет од Њу Јорк, а тој пристигна со воз од Словенија. Седејќи на една клупа на Пјаца Навона го чекав да дојде и ја отворив книгата која почнав да ја читам во авионот претходната ноќ: Immortality од Милан Кундера. Иако е можеби тешко човек да се занесе во една приказна за измислени љубовници додека сред празен плоштад го чека својот вистински љубовник, чистотата и оригиналноста на раскажувањето на Кундера беа такви што ме занесоа. Завршив едно поглавје – она кое завршува во моментот кога Пол трча кон болничкиот кревет на Агнес, очаен по последниот бакнеж – и ја вртев страницата за да се втурнам во следното, кога почувствував дека некој седи до мене на студената камена клупа и почувстував допир од рака на грбот. Се завртев и го видов лицето на Алеш, повеќе не далечно, како гледа во моето.
    Во тој момент, Кундеровите Пол и Агнес исчезнаа на сончевиот плоштад. Алеш, без да знае го презеде Половиот фикционален импулс, наведнувајќи се да ме бакне, но токму пред неговите усни да ги допрат моите, сопре и изненаден извика: „Чекај“, рече, и од својот ранец извади книга. „Гледај“, рече триумфално. Неговата беше со меки корици, додека мојата имаше тврд повез и поинаков дизајн на кориците, но совпаѓањето беше несомнено. Книгата која Алеш ја држеше пред мене беше насловена Nesmrtnost и беше напишана токму од Милан Кундера. Ставајќи го својот примерок врз мојот, Алеш ми го зеде лицето меѓу дланките: „Читаме иста книга“, прошепоти. Лицето му беше толку близу до моето што можев да ја осетам топлината на неговите зборови врз сопствената кожа. Но, од сите нешта кои можев да ги кажам во тој миг, од сите романтични фрази кои можев да ги промрморам или да ги кажам низ воздишка, ова беше мојот одговор: „Само што ти ја читаш во превод“.
    „Обајцата ја читаме во превод“, ме исправи Алеш, можеби размислувајќи дали воопшто сака да ме бакне, после сè. Особено студенило му го обои гласот и се чинеше сосем можно дека после долгите месеци на исчекување, нашата врска ќе заврши тука и сега. За среќа, мојата само-предизвикана состојба на ништожност брзо заврши. Не само што Алеш се смилува да ја културната империјалистка која што толку заслепено го имаше присвоено целиот свет на кнжевноста во својот сопствен јазик, туку и се ожени со мене по нешто повеќе од една година.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+