Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 42 | година VIII | мај-јуни, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 42мај-јуни, 2005
Звук Осврти

Фадото е како воден печат

/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Голем комплимент е да ве споредуваат со најголемата икона и верувам дека тоа е начин на кој луѓето сакаат да кажат дека им се допаѓа тоа што го правам во музиката. Сепак, тие ја паметат Амалија Родригез кога имаше 40 години, кога го достигна зенитот на славата, а јас сум само на почетокот на моето патување – вели младата португалска пејачка, една од ѕвездите на Хајнекен оф фестивал

Мариза е 29-годишна пејачка на фадо, традиционалната песна којашто се родила во лисабонските крчми и таверни пред повеќе од 200 години. Нејзината приказна за патот до успехот прилега на приказните на другите големи португалски пејачки диви. Песните за осаменоста, страста, очајот и копнежот, започнала да ги пее како мала. Но, нејзиниот немирен дух ја натерал да го отфрли традиционалниот црн шал на „фадистас“ – пејачките и со својата пројавност на сцената, со секое движење и гест, да го трансформира фадото во жива материја. Во динамична музика.

Деновиве, за португалскиот огранок на EMI, објавен е Вашиот нов албум Transparente, нова преубава колекција на фадо песни. Кажете ни колку долго го подготвувавте проектот, со кои сè автори соработувавте и од каде потребата за продуцент да го одберете Жак Моренбаум?
    Бев во Бразил и снимав два месеци, но пред тоа поминав некое време проучувајќи ја португалската поезија, за да можам ги најдам песните, со кои ќе можам подобро да се изразам себеси – онака како што јас гледам на животот.
    Жак Моренбаум за продуцент беше мојот првичен избор. Бев запознаена со неговата работа како музичар бидејќи сум негова голема обожавателка. Сонував дека еден ден би можел да ми продуцира барем една песна, не цел албум, туку една единствена песна. Но издавачката куќа ми предложи да го поканам за да ми го продуцира албумот. Го сторив тоа и тој се согласи.
    За Transparente можев да сметам и на помошта од тројца од најважните португалски автори. Тие пишуваа и компонираа песни специјално за мене, како Meu Fado Meu, или Fado Portuguкs de Nуs.
    Исто така, сакав да работам со млад композитор од новиот бран. Некој кој е способен да пишува и компонира за новиот Лисабон, така што го најдов Педро Кампос, кој ја напиша Montras.
    На овој албум им оддавам признание и на трите најголеми личности на Фадото, кои ги сметам за мои учители и гуруа: Амалиа Родригез, Фернандо Маурисио и Карлос до Кармо.

Како дојде и како се одвиваше соработката со Мореленбаум и колку тој како инструменталист, продуцент кој работел со големи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+