Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 43 | година VIII | јули-август, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 43јули-август, 2005
Поезија

По војна

превод од англиски: Елизабета Баковска


/6
стр. 1
Тим Филипс

Насетувања
Воз во снегот
Куфер
Шаблони
Верба
По војна

_______________________________________________________________________

Насетувања

Чудно сега да се сеќаваме на оние што еднаш
беа поживи од нас самите.

Чудно да ги имаме
скаменети на фотографиите,

без да ни наредуваат, да ни ја галат
косата и да нè прекоруваат за нашите животи.

Сега се само насетувања:
сенка меѓу познатите погледи,

ехо на гласот чиј ритам
сè потешко го свириме во нашите коски,

и здив
тенок како хартија,

блуткав
на нашите суви јазици.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+