Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 43 | година VIII | јули-август, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 43јули-август, 2005
Проза

Шептејќи крај Мртвото Море

/6
стр. 1
Мухамед Насрула Кан

    Беше прекрасна мартовска вечер; тенки пластови облаци го прекриваа небото. Крваво-црвените сончеви зраци излегоа од тој тенок превез како крв која прокапува од ковчегот на некој невин човек. Седев сам на камениот стол на тажната плажа во Персискиот Залив. Веќе со денови не можев да заспијам. Единствено што можев да сторам е да останам буден.
    Го гледав морето и морето ме гледаше мене.
    Почнав да пишувам писмо кое никогаш нема да го пратам. Ѝ беше наменето на мојата неверна љубена:
    „Драга Шехла,
    Мислам на тебе со мојот испразнет ум и со бездушните очи. Гледај, мртвите бранови во овој мртов залив ѝ се потсмеваат на мојата беспомошност. Далеку одовде, жолтата месечина доаѓа за да ми ја зголеми бескрајната тага. Таа ќе ми биде пријателка ноќва; обајцата ќе си ги бришеме солзите за да отвориме место за нови. Се чини дека и месечината е засрамена од своето постоење, изгревајќи без природен изблик, молејќи го Господа да ѝ ја намали обврската.
    Ова е вториот месец на мојот живот во прогонство. Знаеш дека не бев протеран од некој авторитет или диктатор, туку од гладот. Земјата ми стана пуста и сега мршојади ја владеат. Кога ги видов нивните движења над мене, додека ја душкаа смрдеата на моето полу-мртво тело, исползив надвор од нивниот досег. Но морав да бегам со голема брзина, додека ја носев тежината на моето мртво тело, а моите испрекинати и задишани воздишки ќе се пренесат врз многу следни генерации, ако сум плоден. Сега сум во најбогатото место на светот. Ова е земјата на Пророците и се верува дека Бог штедро ја благословува оваа земја. Не знам откаде потекнала измамата на нашите претци дека Господ засекогаш ги одвратил очите од нас. Сум видел расплакани мајки како молат за помош, но неговиот гнев не беше смекнат. Очигледно, гревовите на нашите претци биле многу големи.
    Гледаш? Сега месечината се орасположи и мртвите бранови почнаа да покажуваат некакви движења за да ја докажат својата сила. Далеку одовде, искривата светлина станува сè поблиска. Сигурен сум дека тоа е некој брод натоварен со овошје од некоја сиромашна земја, платено со спуштање на неколку парички во правливите раце на сиромашните земјоделци. Смешно, тешкиот труд под силното сонце не им дава ништо освен неколку парички и прашина.
    Се сеќаваш ли како ме опчинуваа овие природни појави? Можев да минам цели ноќи сонувајќи за такви сцени, но што се случи со мене? Дали чувството на изгубеност е она кое ги има вцицано сите мои чувства, или тоа е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+