Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 43 | година VIII | јули-август, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 43јули-август, 2005
Критика

Задоволството и отаде него

(„Баналии“ од Бране Мозетич, „Блесок“, Скопје, 2004)


/6
стр. 1
Гоце Смилевски

    Круцијалниот избор во постоењето на човекот, изборот помеѓу животот и смртта, е артикулиран во поетската збирка „Баналии“ на еминентниот словенечки поет Бране Мозетич, нам сега достапна на македонски преку извонредниот препев на Лидија Димковска и во издание на „Блесок“. Таквата артикулација на нагонот за живот изразен преку очајничка потреба за откривањето на смислата на постоењето („А веќе половина живот / мака мачев да останам жив и можеби да ја откријам / тајната на животот!“) и нагонот за смрт („Првото што ти паѓа на памет во овој град / е да си ги пресечеш вените, да си врзеш јамка / околу вратот, или да се фрлиш од облакодер“) детерминиран од отуѓувањето („Пријателите не се пријатели, / познајниците не се познајници, љубовниците / не се љубовници мајката не е мајка, / таткото не е татко, жената не е жена, тлото не е тло“) резултира со потполно губење на смислата на постоењето и задоволството: „Нештата станаа банални, животот и пишувањето – / излишни.“
    Објаснувајќи го во „Од онаа страна на принципот на задоволството“ и „Его и Ид“ принципот на задоволството, Фројд сугерира дека овој принцип автоматски го регулира текот на психичките процеси; тој „секогаш се побудува со непријатна напрегнатост, а потоа зазема таков правец што крајниот исход е намалување на таа напрегнатост, односно избегнување на незадоволството, или, пак, создавање на задоволство“ (Фројд 1984а: 253). Задоволството и незадоволството Фројд ги доведува во однос со квантитетот на возбудување кое е присутно во психата, при што „незадоволството одговара на зголемување, а задоволството на смалување на тој квантитет“. Овој однос е однос на „директна пропорционалност; чинителот кој го одредува чувствувањето веројатно е величина на зголемување или намалување на квантитетот на возбудувањето во даден момент“ (исто: 254).
    Принципот на задоволството е регулирачки, но тој не е и доминантен, бидејќи му се спротивставуваат други сили и односи. Заради тешкотиите во околниот свет, принципот на задоволството е попречен, или поточно заменет, од принципот на реалноста, чија крајна цел можеби е исто така задоволството, но првична – опстојувањето, а „наметнува одлагање на задоволството, одрекување од разни можности за тоа задоволување и привремено поднесување на незадоволството на долгиот, заобиколен пат кон задоволството“. Иако се случува, под влијание на, како што вели Фројд, „тешко ‘воспитливите’ нагони“, принципот на задоволството да го победи принципот на реалноста (исто: 255), преобразбата од непосредното задоволување во одложено задоволување, од задоволството во ограничување на задоволството, од радоста во труд, од рецептивноста во производност, што севкупно претставува преобразба на принципот на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+