Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 43 | година VIII | јули-август, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 43јули-август, 2005
Звук Осврти

Скопје Blues & Soul 2005

/2
стр. 1
Васја Ивановски

    Годинашново издание на фестивалот, деветто по ред, уште еднаш се потврди како квалитетен музички настан кој веќе се најде на мапата на респектираните европски блуз фестивали. Двете вечери (4 и 5 јули) со четири учесници, им понудија многу задоволство на локалните љубители на блузот и музиката воопшто. Очигледно, блузот најде плодна почва во овој дел од Европа. Можеби Хавиер Варгас најдобро го прокоментира, со зборовите дека дојде во европскиот Мисисипи! Се разбира, без собирачи на памук, тутуноберачи можеби, но со чисти, чесни блуз звуци и забава кои беа во прв план на фестивалот!
    

    Музичката концепција на годинашното издание на фестивалот беше да се презентира современата европска блуз сцена, која секако има што да понуди. Во ова, впрочем, се уверија бројните љубители на блузот во двете жешки јулски ноќи во Градскиот парк. Блузот денес се смета за широко прифатена и влијателна музичка форма која одамна се потврди на стариот континент.
    

    „Роу Хајд“ од СЦГ, „Варгас Блуз Бенд“ од Шпанија, „Коен Волтерс Бенд“ од Холандија и „Најн Билоу Зироу“ од Велика Британија се претставија во одлична светлина, покажувајќи различен пристап кон блузот, што публиката го почувствува и ги награди со голема поддршка.
    

    „Роу Хајд“ го отворија фестивалот на 4 јули, со својата ритмична верзија на класичниот звук на Чикаго блузот од педесетите години од минатиот век. Момчињата од Србија се класа, екипа блузери кои својата уметност ја полираа во изминатите дваесеттина години, што беспрекорно го покажаа на сцената со својата изведба. Фронтменот Јован Илиќ презентираше одлична свирка на усна хармоника, водејќи го бендот низ внимателно одбрани блуз стандарди кои на сите членови им овозможија да покажат што знаат. Со квалитетна асистенција на двајцата гитаристи (браќата Станошевиќ) и цврста ритам секција, тапани и контрабас(!), „Роу Хајд“ беа на вистинската патека сето време од својот настап.
    

    Ѕвездите на вечерта беа „Варгас Блуз Бенд“ од Шпанија, кои понудија своја верзија на блузот зачинета со елементи на традиционалната шпанска музика (фламенко). Составот претстави материјал од штотуку излезениот албум „Љубов, задништво, мир“ помешан со фаворитите од поранешните изданија кои се покажаа како инстант успешни. Посебно изненадување за публиката беше појавата на младиот вокалист Девон Алман, син на големиот Грег Алман од „Алман Брадерс“! Со голем вокален потенцијал, потсетувајќи на својот татко, Девон Алман секако е пред блескава кариера!
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+