Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 43 | година VIII | јули-август, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 43јули-август, 2005
Звук Осврти

Интервју со Девон Алман

/2
стр. 1
Васја Ивановски

Настапот во Скопје е веројатно прв во овој дел од Европа: кои се твоите импресии?
    – Иако овде бевме само дванаесет саати, се уверив дека луѓето се пријатни и со задоволство ја прифаќаат музиката… Тоа навистина е нешто што може да се посакува.

Нешто во врска со твоите музички почетоци, што те навлече на музика?
    – Мајка ми ги слушаше „Битлси“ кога бев дете. Кога наполнив 5 години, побарав да ми купат грамофон; едноставно „се закачив“. На тринаесетгодишна возраст решив дека е време да научам да свирам гитара и да создавам своја музика. Таа ја надополнува мојата душа, не можам тоа да го објаснам, тоа е во мене.

Да бидеш син на познат татко, дали го чувствуваш тоа како голем товар?
    – Тоа не ми пречи воопшто. Не дозволувам тој товар да влијае врз мене, тоа им го оставам на другите луѓе. Единствениот притисок што си го дозволувам е во смисла да бидам што подобар вокалист, гитарист, автор и изведувач, да ја отворам душата, споделувајќи ја со други и да правам квалитетна музика.

Дали сметаш дека тој факт ти помага полесно да ги отвориш сите врати?
    – Можеби во некои моменти да предизвика интерес кај луѓето да видат што може да направи следната генерација, но факт е дека вратите се отвораат за оние што работат напорно и го знаат својот потенцијал, без оглед дали станува збор за деца на рок ѕвезди.

Дали татко ти ти помага во кариерата на кој било начин?
    – Кога имав околу 18-19 години татко ми ми овозможи, односно плати, студиско време што беше многу добро и што би го направил секој татко кој верува во способностите и талентот на својот син. Одев со него на турнеите, за да бидеме што повеќе време заедно; тоа се некои од најдобрите моменти од мојот живот.

Како би ја дефинирал музиката на твојот бенд „Ханитрајб“?
    – Би рекол дека ние сме рок, блуз, соул бенд кој се потпира врз чувство. Имаме атрибути на „џем“ бенд кои опфаќаат динамика на класичната блуз школа и пријатни вибрации на современиот звук.

Твоите први влијанија беа…
    – „Битлси“, Хендрикс, „Флитвуд Мек“, „Кјур“, „Ролинг Стоунс“, „Пинк Флојд“, Б.Б. Кинг…

Кој извршил најголемо влијание врз тебе досега?
    – Тешко е да се каже, бидејќи сакам многу изведувачи и различни стилови, но сепак би го издвоил Линдзи Бакингем како мојот голем херој.

Постои ли некој со кого би сакал да работиш?
    – Со оглед на тоа што сум и продуцент, би сакал да работам со татко ми, би „припаднал“ на можноста да






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+