Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 43 | година VIII | јули-август, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 43јули-август, 2005
Звук Осврти

Интервју со Коен Волтерс

/2
стр. 1
Васја Ивановски

Коен Волтерс и Васја Ивановски на Скопскиот Blues & Soul фестивал 2005

Твојот настап во Скопје ти е веројатно прва свирка во овој дел од Европа; кои се твоите импресии?
    – Да, ова е првпат да настапуваме во овој дел од Европа и се надевам прв од низата конерти што претстојат во иднина. Бев воодушевен од организацијата и колку луѓето беа пријателски настроени. Публиката беше одлична и имавме можност да се запознаеме со многу луѓе. Слушнавме неколку локални бендови, добив неколку ЦД-а и  морам да кажам дека нивото на музицирање е мошне високо.

Нешто за твоите почетоци во музиката, што беше причина да почнеш да се занимаваш со неа?
    – Не почнав да свирам гитара сè додека на наполнив 18 години, но секогаш бев заинтригиран од бас гитарите. Пред да почнам да свирам, сакав да научам да свирам лут (lute), да правам бас гитари, па така купив евтин бас со намера да го расклопам. Отсвирив неколку ноти и бев „закачен“. Сепак, не ми се допаднаа дебелите жици на басот, па така се обидов со гитара и никогаш потоа не се свртив назад.

Имаше ли некоја музичка традиција во твоето семејство?
    – Не, воопшто. Моите родители не свиреа никави инструменти и музиката никогаш немаше некоја важност во нашата куќа.

Твоите рани влијанија беа…?
    – Кога почнав да свирам, највеќе го слушав Еди Ван Хален. Сè уште ми се допаѓа тој звук, но денес не би го сметал како влијание на моето свирење. Можеби е подобро да спомнам кои беа мои влијанија кога почнав да свирам блуз пред десетина години: Алберт Кинг, Алберт Колинс, Џими Хендрикс и, се разбира, Стиви Реј Вон.

Сепак, кого го сметаш за најголема инспирација досега?
    – Морам да изберам помеѓу Крис Дуарте и Џими Хендрикс… би рекол Крис Дуарте, но Џими е секогаш тука.

Има ли некој со кого би сакал да работиш?
    – Секако Џон Мејл! Јас сум голем негов голем фан и речиси би дал една нога за да свирам со него!

Која е твоја неисполнета амбиција?
    – Да свирам со Џон Мејл, ха, ха, ха! Има доста работи што сакам да ги направам, но главниот фокус ќе биде свирење моја музика пред многу луѓе.

Која е првата плоча што си ја купил?
    – Не можам да се сетам, но сигурен сум дека купив многу ѓубре во тоа време…






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+