Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Звук Осврти

Јана Андреевска

/1
стр. 1
Македонски композитори

Се вбројува меѓу малкуте македонски композитори кои работат со електронската музика. Последните неколку нејзини дела се особено поврзани со компјутерите и електронската музика.

Јана е родена на 27 април, 1967, во Скопје, Македонија

Образование:
    1990, Дипломирала на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот за музичка теорија и композиција
    1992, учесник на курсевите за филмска музика и композиција во Кажимиерж Долни во Полска,раководени од Луи Андриенсен, Мајкл Нејман Франсоа Беркард – Маша
    1994, курсевите за композиција во Амстердам, Холандија, раководени од Тоу де Леу, Најџел Осборн и Димитри Кристоф

Композиции:
    Шест пиеси за пијано (1985)
    Варијации за пијано (1986)
    Симфониета за оркестар, пијано, харфа и ударалки (1989)
    Фантазија за голем симфониски оркестар (1990)
    „Спокој“ за сопран, гудачки оркестар и пијано (1992)
    ДИАД за голем симфониски оркестар (1998)

Изведби на делата:
    Изведувани од самиот автор и различни солисти на концертите за современа музика во Македонија и во странство, Македонската Филхармонија, Камерниот оркестар на Македонската Радио Телевизија.

Тонски записи:
    Сите веќе споменати композиции се снимени (аудио и видео) во Македонската Радио Телевизија

Работа:
    Асистент по предметите музички форми, хармонска анализа и полифона композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје
    1991-95, продуцент за класична и современа музика во Македонската Радио – телевизија,
    Музичка и касетна продукција, член на Сојузот на композиторите на Македонија

Награди:
    Специјална награда за најдобар студент во 1989 – 1990 доделена од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+