Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Проза

Хастрман

(извадок од романот)


/6
стр. 1
Милош Урбан

    Јас сум како вода во брана – на површината смеа на капачите, во длабочината тишината на потопеното село. Се вратив, повторно сум во мојот крај. Не сакав работите да испаднат вака, но што се мора се мора; не вреди да се приговара. Се обѕирам. Не можам да видам.
    Никогаш порано не сум бил овде. Патеката е запуштена; некогашната питомина личи на џунгла. Сега ја користи ловечкиот клуб. Потаму, во некои шумички на карпестиот рид, летната рококо резиденција се урива, опкружена со бедна бодликава жица, обрасната во трње; црните остатоци на огништето се гледаат низ коринтските столбови а белите ѕидови се прекриени со мувла. Истата стара патека води покрај алејата Волдштајн кон Нови Замек, сега хотел за странци со ресторан кој е прочуен. Камениот мост сè уште стои таму, но на него има само една статуа – а таа е оштетена: Свети Јан од Непомук без својата глава. Моите очи ја откриваат во дното на потокот. Света Катерина, која порано стоеше спроти него, е потполно исчезната.
    Браната на Нови Млини ги има проголтано сите средновековни езера и рибници, заедно со транспортните канали, насипите, прокопите, алеите со ели и борови, мрестилиштата, каналските порти, воденичните потоци, поплавите, и колибите кои им припаѓале на оние кои ги одржувале езерата. Под насипот, кој бил многу понизок и ги задржувал само водите на Доланското езеро, лежи големата Нова Мелница доо, индустриски комплекс поврзан со малата хидроцентрала. Отпрвин, воденичните тркала се напојувале од каналите помеѓу рибниците, но, како што мелницата растела, им требало сè повеќе вода и сè побрз доток. Мелницата станала „фабрика за брашно“ набргу по Првата светска војна. Старата Црна Мелница, позната и како Кула, исчезнала кога новите градби од тула никнале околу неа. Дури и главната зграда на „фабриката“ се изгубила меѓу нив во годините што следувале, иако се вели дека сè уште постои некаде во средината на комплексот.
    Поради ширењето, браната е овде изградена по Втората светска војна. Снабдувањето на луѓето со продукти станало толку важно што прераснало во цела индустрија. Додека на една мелница ѝ била достатно за едно тркало, за низа мелници била потребна фабрика. А откако поставиле фабрика, тркалата ги размонтирале и ги замениле со многу поефикасните турбини. А потоа сè било сопрено. Работниците заминале. Дошле други. Планината која ја надвиснувала браната почнала да бледнее како месечина. Без надеж за некоја нова месечина.
    Втората причина за изградба на браната била исушувањето на секогаш поплавената област, со нејзините маѓепсани мочуришта и потопените пасишта. Тоа било






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+