Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Проза

Stella Maris

/6
стр. 1
Зоран Зафировски

    Стела ја запознав на една свирка во Парк кога за прв и последен пат со мојот бенд од средно свиревме во Скопје.
    Бев седнат до една врба и гризев некој ладен сендвич како да ми е последен. Адреналинот сè уште ме удираше в глава. На бината свиреа некои скопски панкерчиња. Беа океј (Освен обраќањата на пејачот кон публиката во стилот Сега ќе ве ебеме да ве има повеќе). Околу мене беше темно. Ја забележав на десетина метри. Одеше право накај мене со сигурни манекенски чекори.
    – Здраво, јас сум Стела, може да седнам – праша, поминувајќи со раката низ косата.
    – Може – реков со полна уста. – Јас сум Фидел.
    – Колку чудно име. Тоа ти е прекар или…
    – Вистинско – ја прекинав. Бев навикнат на ова прашање. Не знам зошто ја излажав за една таква бенигна работа.
    Беше малку повисока од мене, со мошне бледо лице и високо чело кое го покриваа црни рамни шишки. Носеше сива маица на која се смешкаше нашминканата фаца на Роберт Смит, модри стеснети фармерки кои одлично ѝ стоеја, и црвени старки исти како моите, само понови.
    – Супер бевте.
    – Можеше и подобро. – Реков и се покајав. Ќе помисли дека се курчам.
    – Еве ти го бендот.
    Поминуваа Тигар и Васко. Првиот ми мафна со палиците а другиот направи смешна гримаса. Знаев што мислат и ми стана незгодно.
    – А ти, кај ти се другарките?
    – Сама сум. Всушност, дојдов со една братучетка ама ја загубив.
    Ми побара касета. Ѝ дадов.
    – Сакаш пиво?
    – Може.
    Извадив две лименки од ранецот. Беа топли. Едно време молчевме. Се прашував што мисли. Ми се допаѓаше. Многу. Ја набљудував како пие голтка по голтка, како ја држи цигарата, како ја става косата в уста. Потоа пак почнавме да зборуваме. Ми рече дека живее кај Олимписки, учи во гимназија, дека сака да стане вајар и дека татко ѝ починал пред четири месеци. Почувствував дека треба нешто да кажам а не знаев што. Почнав пополека да ја бакнувам по вратот кој беше бел како прилепски мермер.
    – Имаш добар парфем, I love you, je t`aime, – тивко и потпевнував во косата, а таа почна да се смее гласно и заразно.
    – Стела… тоа е ѕвезда нели?
    – Аха, на латински. – Молчеше десетина секунди а потоа направи сериозно лице и рече – Татко ми ме викаше Стела марис.
    – Морска ѕвезда – преведов беспотребно и повлеков длабоко од цигарата. Почнав да кашлам а таа ме удираше по грбот.

    Нè раздени на една клупа до езерцето. Ја






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+