Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Есеи

Вечера за четворица

/3
стр. 1
Андреј Блатник

    Пред 1991, нештата во Словенија беа поинакви. Таа беше дел од поранешна Југославија каде што два милиони жители, осум проценти од целокупната ЈУ популација, произведуваше четвртина од бруто националниот производ. Жителите на оваа етнички хомогена, делумно автономна република зборуваа на јазик различен од јазикот на мнозинството. Според фразата изведена од Титовата доктрина за самоуправување, книгите беа предмети со „особена општествена важност“. Книгите ја сочуваа словенечката културна и национална свест низ вековите на различни хегемонии, од кои Австро-Унгарската монархија е најдолготрајната.
    Првата национална културна програма беше поттикната од романтичарскиот поет Франце Прешерн (1800-1849), откако тој одлучил да пишува на словенечки а не на официјалниот јазик за комуникација, германскиот, на кој отпрвин пишувал поезија. Во предговорот кон второто издание на Прешерновите Поезии (1847), објавено во 1866, оваа програма е појасно формулирана од поетот и писател Јосип Стритар (1836-1923). Во немирните години на поновата словенечка историја (1988-1991), словенечките писатели играа значајна улога во создавањето на словенечката држава со самото тоа што ја обмислија првата декларација за целта на независноста во еден документ, подоцна наречен „писателски устав“. Потоа, со право се очекуваше дека независната држава Словенија ќе им придава големо значење на книжевноста и креативното пишување.
    Сепак, испадна дека ова биле пусти желби, а книгите наскоро станаа производ како секој друг. По либерализацијата на економијата, неколку стотици фирми беа регистрирани како издавачи, на местото на отприлика дваесет државни издавачки куќи од претходниот период. Околу осумдесет издавачи се претставуваат на Љубљанскиот саем на книгата секоја година, а во изминативе години се објавуваат по околу четири илјади наслови годишно. Од ова, три четвртини се први изданија (двојно повеќе од 1990). Но, во споредба со 2.000 наслови или шест милиони книги објавени во 1990, во 2000 просечниот тираж беше намален на 1.500 примероци. Токму областа на литературното издаваштво влијаеше на намалувањето на тиражите: поетските книги паднаа под 500 примероци, додека прозата се движи од 400 па нагоре, иако ретко кога достигнува тираж од 1.500.
    Падот во продажбата е придружен (или надоместен од) зголемувањето на малопродажната цена. Во старите денови на социјализмот, недостатокот на стока за широка потрошувачка значеше дека луѓето купуваат книги со остатокот од приходот, бидејќи немаше на што да го потрошат. Денес, не само што купувачите се привлечени од постојано растечкиот избор на продукти, туку и една книга чини колку вечера за четворица, а во библиотеките е бесплатна. Ова резултира со пад на продажбата на книгите на третина од она што некогаш беше вообичаено, додека изнајмувањата од библиотеките






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+