Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Есеи

Поимите за јазикот и разликата кај Хајдегер и Дерида

/6
стр. 1
Сирил Вонг

    Во неговата статија „Знак настан контекст“, Жак Дерида зборува за претпоставката според која записот е „средство за комуникација“ што ги проширува можностите за „локуторна и гестурална комуникација“. Проблемите поврзани со надмоќта на говорот врз записот – со векови стариот фоноцентризам што го третира записот како изведок од говорот, само како „операција на дополнување“ или „модификација на присутното“, кое е она што се претпоставува дека говорот треба да го носи – играат голема улога во Деридиниот спис, бидејќи статијата сугерира дека сите облици на говорни, гестурални и пишани дејства може да се сместат во општата рубрика наречена телекомуникација, каде што сиве овие различни дејства на комуникација се суштински нестабилни.
    Телекомуникација повлекува некој вид растојание преку кое комуникацијата се остварува, растојание кое е интересно во Деридиниот случај, заради импликациите што ги повлекува отсутноста и смислата што ја има прекинот во самиот акт на комуникација. Класичниот аргумент против записот – во кој на зависноста на записот од одсуството (на говорникот, на слушателот, или на обајцата) се гледа негативно, зашто се спротивставува на претпоставената смисла на присутноста во говорот – се соборува, кога Дерида го напаѓа тврдењето на Етјен Боно де Кондијак дека записот е „прогресивно смалување на присутноста“. Кондијаковата изјава навестува дека оваа „присутност“ не само што е крајно значајна, туку е и стабилен и непроблематичен концепт. Овој поим на присутност е изведен од една класична, метафизичка нужност, логоцентрички идеал, а тоа е идејата за стабилна присутност во комуникацијата, која Дерида ја побива во својот спис.
    Хајдегер не зборува за хиерархија меѓу говорот и записот, со оглед на тоа што, во неговиот случај, потсетницата „јазикот говори“ сугерира дека и записот и говорот се инволвирани во истата, фундаментална смисла на кажувањето, кое е корен и на записот и на говорот, како различни начини на комуникација. И повеќе, Хајдегер користи испечатена песна – акт на запис –, кога покажува дека јазикот зборува, бришејќи на некој начин секаков конфликт или можност за хиерархија меѓу записот и говорот. Исто така и тоа што ја употребува песната на Тракл е мошне интересно, зашто поезијата традиционално е една слушна традиција, а песната на Тракл може да се рецитира на глас со различни нијанси во зависност од тоа кој рецитира, а овие вербални разлики би можеле да ги променат нивоата на значењето во песната. Како и да е, Хајдегер ја употребува песната, според моето мислење, во насока на општата поента во поглед на определени базични дејствувања на јазикот. Тоа е потрага која






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+