Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Критика

Болниот облик на вистината

/2
стр. 1
Игор Исаковски

    Првата средба со песните на М.Т.Ц. Кронин ја имав кога за објавување го подготвував CD-ROM-от Babylonia, во април 2004. Татјана Лукиќ ми се обрати со идеја и М.Т.Ц. Кронин да биде застапена на Babylonia. Но, материјалот веќе беше пуштен на умножување и едноставно немаше време за песните на Кронин да се преведат и да се објават во електронски формат. Сепак, Тања беше упорна со идејата Блесок да ги објави овие песни. Кон крајот на 2004 добивме и официјална потврда дека Австралискиот уметнички совет ќе учествува во објавувањето на книга од избрани и нови песни од Кронин. За да го задржиме духот на Babylonia, со Тања се договоривме книгата да ја објавам на македонски, српски, хрватски и босански. Така почна… За жал, некаде на половина пат во преведувањето, Татјана беше принудена да се откаже. За ова и ден-денес најискрено жалам. Времето е пред нас, па ќе направиме заедно некои други книги.
    Во меѓувреме, јас преведов дваесетина песни на македонски, следејќи го изборот и поделбата која М.Т.Ц. и Тања ги направија. Морам да признаам: песните од М.Т.Ц. Кронин кои требаше да ги преведам не ме освоија на прво читање. Песните ми се чинеа премногу сложени, набиени со слики, мисли, синтагми и метафори кои одделени едни од други можат да бидат бесмислени и нелогични. За првпат во овие петнаесеттина години откако преведувам, ми се чинеше дека нема да успеам. Седнав и почнав да ги читам. По некое време сфатив дека сум во некое инакво опкружение, во ново расположение, во свежи слики кои станаа сосема логични и цврсто поврзани. Ви го кажувам ова зашто сакам полека и претпазливо да ве воведам во поезијата на М.Т.Ц. Кронин. Ова не се стихови кои треба да се прочитаат само еднаш. Ова е поезија кон која треба да се пристапи исклучително внимателно и со почит.
    М.Т.Ц. Кронин не се сопира во пишувањето: можеби затоа, некои од стиховите ќе ве потсетат на автоматското пишување на француските надреалисти. Кронин не се воздржува од користење на зборови кои не се баш вообичаени за каноните на „убавата книжевност“, што и да треба да значи тоа. Таа не се сопира да жигоса, да опцуе, да викне. Ниеден живот не е создаден единствено од мирни и милни зборови. Сите ние викаме, пцуеме и колнеме, на овој или оној начин. Некои од нас тоа го прават искрено. Онака како што М.Т.Ц. ја пишува својата поезија. Секој од овие 1699 стихови кои се пред вас е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+