Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 04 | година I | август-септември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 04август-септември, 1998
Звук Осврти

Научни аспекти за потеклото на Х. Фон Карајан

/3
стр. 1
Томе Манчев

Се присетувам, во 1980 год. на манифестацијата „ Струшка музичка есен“, младиот хрватски музиколог Здравко Блажевски приреди изненадување со својот реферат[1] за Тереза Марија и Даниел фон Жефалович – композитори од македонско потекло на крајот од класиката се разбира во тогашната европска метропола Виена.
    Искрено морам да признаам: за мене овој момент беше многу силен и побуди желба за расветлување на потеклото и на други веќе познати светски личности, пред сè: Потеклото на големиот австриски диригент Херберт Фон Карајан.
    Јас, како гевгеличанец, се сеќавам на многу разгранетото семејството Карајанови, пред сè на Ванчо Карајанов[2] – долгогодишен директор на комбинатот „Винојуг“; Кољо Карајанов – занаетчија (познато старо овчарско семејство кое од колено на колено го негува овчарството како примарен егзистенционален извор за физичко опстојување, а од друга страна многу битен елемент за овој научен труд[3]; Илија Карајанов – професор по литература и познат поет; Перо Карајанов – мој професор по англиски јазик од гимназиските денови и др…
    Карајанови живеат и во Скопје: Владо Карајанов инжинер во „Металски Завод Тито“ – Скопје; Петар Карајанов – политичар и др. Но според искажувањата на академик Властимир Николовски, Карајанови се среќаваат и во Загреб.
    Фактите зборуваат. Жан Лопен во статијата Херберт Фон Карајан по повод неговата смрт, во весникот „Ле Монд“ од 22.07.1989 г. публикувана во „Музикални хоризонти“ бр.9 од 1989 г. – „Сојуз на музикалните дејци“, Софија, во превод од француски на бугарски јазик од страна на Ана Радославова вели: „Предците на

_____________________________________

1. Рефератот е публикуван во Македонска музика бр. 3 од 1981 на стр. 43
2. Ванчо Карајанов како долгогодишен директор на комбинатот Винојуг, деловните врски со Австрија сакал да ги искористи и за средба со Карајан. Иако средбата била закажана околу седумдесеттите години, до неа не дошоло бидејќи Карајан итно морал да замине за Франција. Точно е. Од 1969 тој е музички советник на Оркестар д Пари. Лично Карајан со извинување и жалење му се обратил на Ванчо Карајанов, за неуспехот на средбата. Усна изјава на Ванчо Карајанов, а истата содржина ми ја соопшти и Илија Карајанов, професор по литература и поет.
3. Несомнено основната професија на селското население е земјоделството и сточарството. Доселените Карајанови и во Гевгелија продолжуваат да се занимаваат со сточарство. Кара на турски значи црно, односно Карајанови во превод би значело Црни Јановци.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+