Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Критика

Љубомора

/11
стр. 1
Митја Чандер

    Џојс на прв поглед е одбојна икона на модерната книжевност. Академската заедница ги има искористено неговите живот и работа за привилегиран полигон на онаа гранка на науката којашто банално ја нарекуваат ситничарење и барање влакно во јајцето. Неговата оставнина е заплеткана во дебели слоеви пишана хартија кои често известуваат за запирките и интерпункциските знаци. Така, неговите дела чесниот човек го исполнуваат со стравопочит, речиси со свето наежување. Во таа земја секој камен е означен и сместен на картите на сите можни истражувачи кои се обидуваат да го докажат ексклузивното поклопување на своите претпоставки со вистинитоста на текстот. Но, таквото обмислување на суровата покраина може да даде и интересни резултати. Погледот, често исплашен од строго набљудуваните зони, често паѓа врз опскурности кои инаку би останале длабоко во сенката на анонимноста. Таков пример се Џојсовите писма на Нора Барнакл, жената со која како дваесетгодишен младич првпат се сретнал на 16 јуни 1904-та во Даблин и која го следела низ сиот живот. Писмата, од кои повеќето настанале во неговото младешко, трстјанско раздобје, ја раскажуваат крајно интимната приказна на младиот интелектуалец кој го бара сопствениот уметнички израз, конечно и публиката за него. Што, всушност, започнало на тој судбоносен 16 јуни 1904, на големиот Bloomsday, митолошкиот ден на подоцна џиновското романескно истражување, славниот Уликс?

* * *

    Нивната прва средба е плод на целосна случајност. Џојс првпат ја видел Нора на 10 јуни 1904-та, на даблинската улица Насау, и веднаш ѝ се обратил. Неговата појава очигледно била доволно необична, така што новопечената собарка го сметала за шведски морнар. Тој ја наговорил да се сретнат на 14 јуни, а средбата всушност се случила на славниот датум. Воведниот, иако по обем скромен, но конститутивен дел од преписката допира токму во иницијалната фаза на долготрајната љубов. Џојс го користи пишаниот медиум за самопретставување. Неговото искуство е одраз на непостојано незадоволство. Како потполно да го прогонува отпорот кон закостеното општество, проткаено со малограѓански и христијански догми, крути и зацементирани во вечното повторување на оцврснатите ментални обрасци и урнеците на знаењето. Неуспешните обиди со студиите по медицина, право и музика, скиснатиот самрак на актерските амбиции, семејното пепелиште и уште некои други нешта, му сведочат за сопствената некомпатибилност со светот кој го опкружува. Во општествеиот ред не можам да влезам поинаку освен како скитник, ѝ порачува на Нора, мислејќи дека припростата провинцијалка воспитана во католичка плашливост можеби нема да може да излезе на крај со неговата немирна природа, со човекот кого што постојано


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+