Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Галерија Осврти

Светлината на големиот Стораро наспроти сивилото на актулениот европски филм

Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (Битола, 20-25 септември)


/3
стр. 1
Ана Василевска

Виторио Стораро

Најдоброто од овој фестивал е гостувањето на големиот директор на фотографија Виторио Стораро кого фестивалот го награди со „Златната камера 300“ за животно дело и му ја довери улогата на претседавач со жирито

    Една фестивалска приказна, која во Битола, годинава се одржа по 26-ти пат, веќе по дефиниција (да не кажеме по инерција) се провлекува со стандардни протагонисти во името на седмата уметност. Како што овој фестивал е еден од ретките што ги слави луѓето зад камерата, така уште од првиот ден со леснотија ја снимате предвидливата фестивалска агенда. Релативно младите организатори од Друштвото на филмски работници, кои од пред четири години ја презедоа улогата на челници, успешно го реализираат техничкиот аспект на фестивалот. Нема задоцнети проекции, рекламниот спот е модерен и инвентивен. Програмата, според стариот и добар принцип, се креира од есенцијата на престижните европски филмски фестивали.
    Традиционалниот селектор, Благоја Куновски, се води по тој принцип: филмовите може да се и од „кал“, но важно да се од некој престижен филмски фестивал. Така, видовме 12 филмови од новата светска продукција, од кои на едвај третина ќе се сетиме кога ќе го споменеме ова фестивалско издание. Можноста тие да се видат тука и никаде на друго место е единствениот епитет за програмата. Вистинско освежување беа краткометражните: шармантни, духовити, занаетски одлични.
    

    Најдоброто од овој фестивал е гостувањето на големиот директор на фотографија Виторио Стораро кого фестивалот го награди со „Златната камера 300“ за животно дело и му ја довери улогата на претседавач со жирито. Стораро, човекот кој ги сними антологиските филмови, со оскар закитените „Апокалипса сега“ на Френсис Форд Копола, „Последниот кинески цар“на Бернардо Бертолучи и „Црвени“ на Ворен Бити, како и „Последното танго во Париз“, „Чај во Сахара“ и „Малиот Буда“, меѓу другите, дојде на фестивалот, и нè почести со еден семинар.
    Симпатичен, средовечен филмски маг, по малку арогантен.
    Очигледно, (овој пат за наша среќа) суетата подеднакво се полни и во Битола и во Холивуд, па Стораро уживаше да одговара на долго и на широко на сите новинарски прашања. Ни раскажа дека Бертолучи, всушност, иако голем режисер – бил несигурен човек. За Копола, пак, дека е непоколеблив и дека за своето ремек-дело „Апокалипса сега“ потрошил милионски суми кои неколку пати го надминале предвидениот буџет, а на филмската екипа ѝ потрошил цели две и години за снимање. За својата најголема љубов, филмската фотографија, меѓу другото, рече: „Сите големи филмови претставуваат разрешување на конфликтот меѓу мракот и светлото. Не постои единствен правилен начин за самоизразување. Постојат безгранични






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+