Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Театар Осврти

Го најдов патот и ќе продолжам по него

Интервју со Бајруш Мјаку


/16
стр. 1
Лилјана Мазова

На актерот му е потребно огледало во кое ќе го гледа својот одраз, без да го криви огледалото ако ликот во него не му се допаѓа; дали ова беше причината Гогољевиот Дневник на лудиот за малиот човек, чиновникот Попришчин да го работите како независна продукција, како бегство од институцијата?
    Тогаш бев актер со 30 годишно искуство. Но, многу порано, значи треба да се вратам назад во времето кога уште од 90-те успеав во Театарот да наметнам проекти што мене ми значеа многу и за кои бев убеден дека ќе успеат. Беше БААЛ со Брезовец – претстава со која ние први од Македонија ги отваравме вратите низ сцените на Европа, потоа беше Крал Лир со кај гостувавме во Чивидале, Италија но и на првиот повоен фестивал МЕСС во Сараево кој тогаш стана интернационален, па на Бонското биенале со Коските што доаѓаат доцна со која бевме и во Рига. Да ги спомнам и моите претстави со Дритро Касапи како Еуралиен на Горан Стефановски, сценарио за театарски проект со 50 актери и 13 режисери, нарачка на Интеркулт од Стохолм во кој со Рефет Абази игравме една дуо драма од 20 минути која и ден денес се памети во Шведска, или Хотел Европа по концепт, сценарио и драматургија исто на Г. Стефановски за европски театарски проект во режија на 9 режисери од Источна Европа што се реализира продукција на Интеркулт од Стохколм и фестивалите во Виена, Болоња, Бон и Авињон, и во кој со Арта Мучај ја игравме Албанската соба. Тогаш се сретнав со Иван Поповски, имавме повеќе време за разговор и за тоа што значи ангажман, што и каква е мојата желба да го играм Попришчин од Гогољевиот Дневник на лудиот. Гледајќи ја неговата работа на Руската соба во Хотел Европа, го заинтригирав да работиме мислејќи, можеби наивно, дека тој живеејќи во Москва живее таму кај што живеел Гогољ и дека со него ќе најдеме заеднички јазик за работа. А сега, за огледалцето што го спомнавте. Огледалцето е театарот, а јас огледалце го нарекувам и режисерот. Иако имав од некои мои пријатели понуди од типот „еј, работиш монодрама, дај научи го текстот, ќе дојдеме ќе ти кажеме како, што со ова или она…“. Јас не мислам дека така треба да се работи монодрама која за мене е најтежок жанр за актерот. Актерот мора да има огледалце, да го има човекот кој што знае со актерот – режисерот. Практично, уште пред воениот судир во Македонија






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+