Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Галерија Осврти

Сликата како жртвен објект или Крварење на сликата

/5
стр. 1
Соња Абаџиева

„Културата секогаш била наднационална“
    Robert Musil, Essais, Seuil, Paris

    Непосредно по годините кога Петар Мазев го напушта физичкиот контекст на нашето опкружување завладува молк или знак на презаситеност од неговото наметливо уметничко присуство. Беше потребен временски простор за обмисла, преиспитување, ревалоризација на неговиот раскошен опус, подеднакво, како и на неговото константно влијание врз уметничките случувања во Македонија.
    Кога временската дистанца (повеќе од десет години од неговата смрт) ги припитомува страстите и пристрасностите, се искристализира вистината во нејзината објективна форма. Денес, ретко кој би го оспорил фактот, дека станува збор за митска фигура, за култна личност во македонското сликарство. Петар Мазев беше и продолжува да биде парадигма и духовен предводник на голем број македонски сликари родени, пред сè, во четириесеттите, педесеттите и шеесеттите години на 20-от век. Оние поединци од генерациите воспитувани под неговата аура, што се оформуваат како автономни личности, не се следбеници на неговиот експлицитен ракопис, туку на неговата експлицитна вештина на владеење со сликарскиот феномен, на неговата харизма.

    Пробивниот звук на сликарството на Петар Мазев допира и до уметничките кругови во републиките на некогашна Југославија, со продолжено ехо на местата во светот кадешто се претставува, а пред сè во САД. Џон Расел во the New York Times ги запознава Американците со „неодоливата енергија на неговите слики“[1]. За поблиску да го дефинира, го споредува со Френсис Бејкон и со Вилијам Де Кунинг. Истото го прави во Питсбург и критичарот Хари Шволб. Во списанието Art укажува на „изненадувачки суптилните изразности на лицата“[2] во платната на Мазев. Во некои аспекти, тој дури му дава и предност на нашиот сликар, во споредба со Де Кунинг и со Џексон Полок.

    *

    Оваа изложба се усредоточува на последните десет години од создавањето на Мазев. Најголемиот дел од делата за првпат се изложува. Мислам дека сега е моментот, во оваа, како што веќе споменав, порелаксирана атмосфера, да ѝ се даде на увид на јавноста она што повеќе од деценија трпеливо го чекаше својот миг во неговото ателје. Насликани во период на растечко несогласување со состојбите во непосредната средина и на суровата семејна драма – загубата на неговиот постар син, сликарот Константин Мазев – најчесто за време на неговата доброволна изолација на брегот на Дојранското Езеро, предложените слики, по сила на травматичниот контекст, не можеле да бидат исти како претходните. Градени се со боја/материја натопена со претчувство на трагедија и слом, со безгранична болка и отсуство на иднина. Сликарските постапки ја следат оваа линија на душевно страдање на најочевиден начин. Треба посебно

_____________________________________

1. John Russel, Petar Mazev, The New York Times, New York, February 13, 1981
2. Harry Scwalb, Gallerymania, Art, Pittsburg, July 1981






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+