Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Звук Осврти

Малку блуз, малку рок, многу душа

Интервју со Девон Алман


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

Девон Алман е вистински показ за народната мудрост дека крушата под круша паѓа. Тој е син на славниот Грег Алман, пејачот и клавијатурист на легендарниот американски бенд Алман Брадерс Бенд. И пејач и лидер на состав за кој допрва ќе се раскажуваат легенди. Во Скопје, на Блуз и соул фестивалот допатува како специјален гостин на гитаристот Хавиер Варгас и од концертот направи високооктанска блуз-рок забава, достојна за навистина големите мајстори.

Знаевте ли каде доаѓате, на кој фестивал ќе свирите?
    – Не. Морав да погледнам на карта за да откријам каде се наоѓа Македонија. Види, тоа е една од оние работи – знаеш дека постои, но… Јас живеам во Америка, добар сум по географија и знам каде се наоѓаат повеќето од местата, но за Македонија ми требаше помош. И конечно ја открив. Еве сум сега тука.

Настапувате како специјален гостин на концертите на Варгас Блуз Бенд. Можете ли да ни кажете како се чувствувате покрај овие латиномомчиња?
    – Чудно е да се чујат луѓе со латинокрв што свират блуз. Блузот е многу американска музичка форма, но тие го свират навистина добро. Се споивме во истото студио каде што и тие го снимаа својот актуелен албум во Мемфис. Имавме ист продуцент, заедно се врткавме наоколу и едноставно бевме упатени едни на други. Еве сум сега на концертите во Европа со нив.

Како син на славен музичар, сигурно Вашиот пат однапред бил определен. Сте израснале со блузот. Сепак, каков беше Вашиот влез во овој бизнис?
    – Инструментите почнав да ги изучувам кога имав пет години, а на 12 веќе јавно настапував. Многу нормално дојде тоа што сакам да свирам рокенрол, блуз…, бидејќи толку многу слушав музика што не можам да замислам да работам што било друго.

Ви беше ли товар славата на Вашиот татко?
    – Отсекогаш сам сум ја завршувал својата работа. Јас ниту сум мислел, ниту мислам на тие работи. Моја преокупација е музиката. На новинарите им оставам да размислуваат за тоа кој бил татко ми. Тој за мене е само татко и толку. Не некоја таму си рок-ѕвезда. Никогаш не сум чувствувал ниту притисок поради тоа, ниту потреба да се натпреварувам со него. Јас само сакам да си ја работам својата музика.

На која музика израсна Девон? На она што го свиреа Алман Брадерс Бенд или…
    – Не. Израснав на музиката на Битлси. Кога имав четири-пет години мајка ми постојано ги слушаше Џон, Пол, Џорџ и Ринго и нивните песни ми влегоа во срцето и во главата. Јас и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+