Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 44 | година VIII | септември-октомври, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 44септември-октомври, 2005
Звук Осврти

Блузот и фламенкото се браќа по чувства

Интервју со Хавиер Варгас


/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Музиката треба да се однесе на повисоко ниво, особено блузот. треба да се обидете да најдете нешто ново – возбудливо, поинакво, оригинално ако тоа е можно во денешно време, вели шпанскиот гитарист, големата музичка ѕвезда на штотуку завршениот деветти Блуз и соул фестивал

Вистинските мајстори се препознаваат по едноставноста во комуникацијата. Славниот шпански, латино, светски… блуз-гитарист Хавиер Варгас, во Скопје допатува со многу прашалници за овдешната публика и за нејзината едукација. Замина освоен од приемот на локалните љубители на блузот. А ние во Колосеум видовме две лица на Варгасовиот бенд: едно стандардно, со екипата што го следи, и едно многу повозбудливо – со експлозивниот Девон Алман. Така ни стана јасно зошто овој оригинален гитарист, кој освојува со вкрстувањето на фламенкото со блузот, е миленик на Карлос Сантана, зошто ја делел сцената со Принс, Алвин Ли, Луизијана Ред, Џек Брус…

Како си го објаснувате овој топол прием на Блуз и соул фестивалот? Зарем не сте по малку изненаден што луѓето овде во Македонија ја знаат Вашата музика, Вашите песни, го препознаваат битот?
    – Во тоа е моќта на музиката. Кога правам песни и креирам нова музика мојата намера е таа да оди подалеку од тоа што може телото. Често правам албуми во кои можат да уживаат луѓето од целиот свет; и на оние места каде што ниту сум бил, ниту некогаш ќе отидам. За мене магијата на музиката е кога правиш нешто, создаваш и вложуваш енергија. Кога она што си го создал ќе стигне многу далеку. Знаеш, веќе 30 години свирам гитари и постојано сум на пат. Еве вечерва сум во Скопје и гледам дека за луѓето овде не сум натрапник, некој непознат. Токму во тоа е вистинската возбуда. Ова ќе биде едно прекрасно искуство за мене. Токму со таква мисла ќе си заминам и ќе се надевам дека ова нема да биде нашата единствена средба.

Како Хавиер Варгас ги откриваше инструменталистот и авторот во себе? Како стигнавте до блузот?
    – Блузот го открив во Аргентина. Тоа се случи некаде во 1967 година, кога бев мало дете. Во тоа време на радио се слушаа соул, рокенрол, бендови како Флитфуд Мек… Јас во почетокот им се нафрлив на Крим, Џими Хендрикс Експириенс, а подоцна ги открив и изворните блуз-икони како Би Би Кинг, Џон Ли Хукер, Фреди Кинг… Тоа беше музиката на таа ера. Во таа музика јас ги открив бранувањата на срцето. Силната експлозија на белиот блуз во Велика Британија нè инспирира и мене и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+