Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Поезија

Ова е таа, твојата

/6
стр. 1
Магдалена Хорват

Ова е таа, твојата
Сфаќаш
Да се родуваш
Страв од шеќер
Ќе се среќаваме
Булка крај шините

_______________________________________________________________________

Ова е таа, твојата

песна што нема намера ни претензии
да ти создава дополнителни тензии—
пост-апокалиптична песна што никој
и онака нема да ја прочита;

ја најдов откако си замина, кај вратата,
во мојата дланка стегната врз кваката.

Се беше скрила, уплашена,
во просторот меѓу прстите:

се намачив дури ја намамив да излезе.

             А знам дека е твоја.

Мора да си ја оставил некогаш кај мене,
некогаш кога си ме држел за рака,
па си реков, може ќе сакаш…
да ти ја вратам.

Но, може и си заборавил како изгледа
и ќе мислиш дека е само изговор
писмо да ти пратам—

но не е писмо, гледаш?   Ова е твојата
    песна:
напуштена, речиси мртва,
нешто како пост-мортем постскриптум,
нешто како залудна, пост фестум жртва.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+