Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Есеи

Распеани градови: Сликите на градот во популарната музика на екс-Ју

/10
стр. 1
Мартин Погачар

Gradovi daleki
    Koje želimo znati
    Gradovi od pjesme
    Gradovi daleki [1]

    Музиката и градот претставуваат интересна тема за анализа. Во однос на поранешна Југославија, популарната музика во суштина нуди многу забавен извор за разбирање на секојдневниот живот во однос на политичката митологија. Песните за градот, особено, се чини дека го одразуваат обидот на режимот да ја модернизира и урбанизира земјата. Во овој есеј, ќе је истражам морфологијата на градот кој може да биде (ре)конструиран од текстуалната анализа на избрани песни, а кои сопоставени на историскиот контекст можат да пружат увид во мито-пејзажите на поранешна Југославија. Изборот на песните го опфаќа периодот помеѓу крајот на 1950-ите и доцните 1980-и. Овој период сведочи за подемот на градот во светлината на повоената ентузијастичка обнова и следствената проблематизација на градот истовремено со колапсот на режимот. Пресвртна точка се чини дека е Титовата смрт, по која пукнатините во државната градба станаа вџашувачки видливи. Во обид да го скицирам градот онака како што е претставен во стиховите, особено ќе се сосредоточам на звучните слики за Љубљана, но ќе се обидам сликите да ги поврзам и со Белград и со Загреб.
    Областа на музиката во поранешна Југославија, тврди Мирјана Лаушевиќ, дозволува распознавање на три експресивни модови: револуционерни песни, дела на културни и уметнички ансамбли, и популарна музика. Што се однесува до популарната музика, нејзините „мноштво жанрови […] можат да се набљудуваат како субкултурни звуци и да се разгледуваат одделно“. Но, она што е важно во овој контекст е „нивната заедничка карактеристика: способноста да групираат луѓе во категории кои не се национални“[2]. Два жанра, значително оформени низ често позајмување од странски, предоминантно западни форми на музички израз и суштински поврзани со градот, нудат интересни читања. Еден е жанрот на популарната песна, која својот процут го имаше во текот на 1950-ите па сè до раните 1970-и. Во него спаѓаат лесните ноти кои влегуваат во категоријата канцона, шлагер, попевка, џез и мјузикл.[3] Оваа музика главно беше популаризирана преку радиото и фестивалите, а подоцна и преку ТВ, па така беше присутна и позната низ целата земја. Другиот жанр е наречен југо рок, музика која од 1970-ите па натаму играше улога на една од најпознатите рамки на популарната култура. Петер Станкович забележува дека „разликите кои постоеја на ниво на естетика, не попречија во чувството на припадност на заедничката ју-рок култура […] [дури,] ју-рокот, поделен во различни жанровски изрази, остана еден од неколкуте погледи на свет кој во втората половина на 1980-ите функционираше интегрално“.[4] Без оглед на тоа

_____________________________________

1. Grupa 220, “Kule od riječi/Кули од зборови”; [Далечни градови /Сакаме да видиме/Градови од песна/ Далечни градови].
2. Mirjana Laušević, “The Ilahiya and Bosnian Muslim Identity” во Mark Slobin (ed.), Retuning Culture, Musical Changes in Cental and Eastern Europe, (Duke University Press, Durham and London, 1996), стр. 117-135, стр. 118-20.
3. Alenka Barber-Kersovan, “Tradition and Acculturation as Polarities of Slovenian Popular Music” во Simon Firth (ed.), World Music, Politics and Social Change: Papers from the International Association for the Study of Popular Music, (Manchester University Press, Manchester, 1989), стр. 73– 89. стр. 75.
4. Peter Stankovič, “Uporabe ‘Balkana’: Rock in nacionalizem v Sloveniji v devetdesetih letih”, Teorija in praksa, let. 39, 2/2002, стр. 220-238, стр. 226-228. Види и кај Sabrina P. Ramet, Balkan Babel, (Westview Press, Boulder, CO and Oxford, 2002), “Rock Mucic”, стр. 127-150; “Shake, Rattle and Self-Management: Making the Scene in Yugoslavia” во S. P. Ramet, Rocking the State: Rock Music and Politics in Eastern Europe and Russia, (Westview Press, Boulder, CO and Oxford, 1994), стр. 103-132.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+