Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Критика

Надминување на поделбата

/3
стр. 1
Морин Фрили

Орхан Памук

    Минатиот петок, Орхан Памук, најпознатиот писател на Турција, беше подложен на гротескен јавен срам. Етикетиран како „предавник“ од страна на фашистичките агитатори на кои полицијата им е истомисленик и не стори ништо да ги спречи, и под дожд од камења и јајца пред судот во кој требаше да му се суди за навреда на турскиот дух, тој остана мирен и достоинствен. На забавата која ја приредија неговите издавачи таа иста вечер, изгледаше опуштен, скоро весел. Такви беа и Хрант Динк, турско-американски новинар на кого есенва му се судеше во истиот суд, исто така за „навреда на турскиот дух“, и колумнистот, професорот и долгогодишниот активист за човекови права, Мурат Белге, кој ќе оди на суд на 7 февруари со уште четири други колумнисти обвинети за навреда на судството. Присуствуваа уште неколку уредници кои се соочуваат со обвиненија заради книгите кои ги објавиле, турски и европски активисти за човекови права, и десетина парламентарци од ЕУ кои, како и Памук, ги навредуваа и/или ги нападнаа фашистички агитатори во и пред судницата тој ден.
    Ова не е првпат еден турски писател да страда заради своите отворени зборови. Назим Хикмет, големиот модернистички поет кој во 1950 година ја подели Меѓународната награда за мир со Пабло Неруда, помина поголем дел од својот живот в затвор. Кога една цела генерација на писатели се најде зад решетки по државните удари од 1971 и 1980 година, се одржаа во живот со рецитирање на неговите стихови. Во деведесеттите, кога армијата водеше војна против курдската ПКК на југоисток, клетвата се пренесе на Јашар Кемал, другиот голем жив автор во Турција, кој, како и Памук, често беше во конкуренција за Нобеловата награда. Тој напиша една статија за Курдите заради која беше прогонуван и осудуван на многу сличен начин како и Памук денес.
    Скорешната валкана кампања ги вовлече двајцата автори во расправија со голем публицитет, заради која присуството на Кемал на судењето минатата недела доби толкава важност. Сите знаат дека тој беше таму не само за да го поддржи Памук, туку и сите писатели кои се осмелиле да го доведуваат во прашање националниот мит – дека Турција нема црни дамки во својата историја, дека патот кој мора да го следи е оној кој ѝ го зацртал нејзиниот основач, Ататурк, и дека нејзината армија никогаш не прави грешки. Порано или подоцна, најсериозните писатели се наоѓаат жигосани како предавници: во тоа лежи нивната важност. Она што го прави случаот на Памук различен е дека последиците доаѓаат толку






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+