Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Галерија Осврти

Новиот македонски филм

Свеж кадар за нови кадри на седмата уметност


/3
стр. 1
Ана Василевска

Кинематографијата излегува од традиционалните матрици, но сè уште транзитира на патот за место до европскиот филм

Големата вода

    Еј се снима!? Оваа граматички сиромашна изјава, сè почесто изречена од случајни минувачи низ Скопје, наведува на размисла за актулената филмска продукција која е толку зачестена што филмските екипи се демистифицирани и можат да се забележат на различни локации во градот. Новата македонска продукција која нема амбиција квантитативно да парира на некоја од поголемите европски земји, содржински сепак успева да го надмине локалниот контекст и стана конкурент на европските маркети и филмски фестивали. Со примена на копродукцискиот модел, стигнавме до продукција во просек на два играни и по некој краткометражен и документарен филм годишно. Најактулено е снимањето на филмот „Папопкот на светот“ во режија на Игор Иванов-Изи, во очекување сме на премиерата на „Караула“ во режија на Рајко Грлиќ, „Контакт“ на Сергеј Станојковски ги обиколува филмските фестивали, „Балканкан“ на Дарко Митревски ги полни регионалните киносали, а Теона Митевска се подготвува за снимањето на „Јас сум од Титов Велес“. Заедно со „Големата вода“ на Иво Трајков и „Илузија“ на Светозар Ристовски од пред две години, заокружуваме повеќе од солидна тригодишна продукција.
    Секој од овие филмови располага со различна филмска поетика, со што ги разигравме и филмските жанрови. Во принцип станува збор за млади автори со скромно портфолио – од оние во креативниот до оние во техничкиот дел од екипите. Условно, сите добиваат помош од учеството на атрактивни и афирмирани имиња во странскиот дел на продукцијата.
    Полека но не и сигурно, излегуваме од матрицата, филмовите да имаат херметична фабула кои се држат до некои историски патетични одредници. Во најголем дел од нашата кинематографска традиција најчесто станува збор за драми со несреќен контекст на нашето битисување или пак филмови кои се вбројуваат во еден недефиниран жанр – експериментален.
    

Илузија

    Поривот на новите филмски автори е по малку ангажиран и тематски успева да коментира извесни социолошко-општествени состојби.
    Сепак, се обидуваат во приказните да доминира универзален и урбан елемент на хумани или класични љубовни стории.
    Комерцијалниот успех на „Балканакан“ можеби иницира на тоа дека македонската кинематографија имала погрешен рецепт за филмување. Зад условно уметничката слобода на режисерот или сценаристот можно е да се кријат сериозни пропусти на занаетот и филмскиот потенцијал. Во „закрилата“ на субјективните естетски норми се закопаа филмови кои се заборавија брзо и не заработија ниту да ги извадат средствата. А филмот е, да се разбереме, скапа играчка.
    Освен од кризата во продукцијата, излеговме и ја расчистивме прашината што ја крена Милчо Манчевски со успехот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+