Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Звук Осврти

Боса-нова од Рио и рокенрол од Пернамбуко

Скопски џез фестивал 2005


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

Жојси со потсетувањето на легендарните мајстори и своите композиции –неодолива за широкиот аудиториум, а Ленини податлив само за љубителите на дисторзиите

    
Жојси, фото: Драгољуб Николовски

    Со музики, кои само навидум се разликуваат во својата ритмичка структура иако доаѓаат од ист дел на земјината топка, третата фестивалска вечер од годинешниот Скопски џез фестивал, на најдобар можен начин ја оправда долгогодишната заложба на организаторот на манифестацијата да се бави со мошне богатата и динамична бразилска музичка сцена.
    Скопје, оваа вечер, едноставно пулсираше со заводливиот ритам на караоките. На сцената во Универзална сала, двете големи ѕвезди – Жојс и Ленини, како два типични претставника на регионите во кои творат, на неверојатно едноставен начин ја појаснија сеприсутноста на артистите од тоа поднебје на џез фестивалите ширум светот во последнава декада.
    Забавата започна со Жојс и нејзината група. Оваа, пејачка, гитаристка и прва жена-композитор во бразилската музика, авторка која зад себе има 35-годишна професионална кариера и над 25 албумски објави, најнапред се реши да им оддаде почит на старите мајстори. Ги свиреше и пееше класичните боса-нова нумери на својот ментор и човекот кој ѝ ги отворил вратите на популарноста – Винишиус де Моралес, на Елис Реџина, Неј Матогросо, Милтон Нашименто … И, така полека, ненаметливо, онака како што доликува на голема ѕвезда на која ѝ се одбивни ефтините професионални трикови, нè вовлекуваше во светот во кој започавме да се препознаваме по изблиците на емоции. Од таму хендикепот на непознавањето на португалскиот, всушност неможноста да се густира специфичната поетика, и не можеа да му наштетат на вкупниот впечаток. Жојси, наедно, оставајќи им доволно простор и на дозираните излети на инструменталистите од својата банда, особено на тапанарот Тути Морено и саксофонистот и алт-кларинетистот Наилор Провета, директно ја апострофира својата улога на авторитетен и мудар водач на состав. Сетот со посегањето по класиците на боса-новата кулминираше со музиката на ненадминатиот Жобим, за потем да уследи понудата сочинета од најуспешните нумери на авторката која досега има потпишано над 300 свои песни. И, тука веќе концертот доби и своја друга димензија – влезе во водите на она што во последнава декада ја ужива растечката популарност и е бележано како „нова боса-нова“ или поточно „драм-енд-боса“. Следуваа неколкуте нумери од штотуку објавениот албум “Rio Bahija”, повторно враќање на Жојс и на групата на сцена и зародиш на желбата за идна средба.
    

Ленини, фото: Драгољуб Николовски

    Од друга страна, Ленини, еден од најистакнатите претставници на современата бразилска поп музика, уште на самиот почеток на својот настап ги расчисти дилемите. Овој гитарист и пејач, автор со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+