Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Звук Осврти

Интервју со Мет О’Ри

/2
стр. 1
Васја Ивановски

Мет О’Ри

– Нешто за твоите почетоци во музиката, што те воведе во музиката?
    Имав неколку влијанија: мојот постар брат, татко ми, некои пријатели во школото. Паметам, уште како дете слушав звуци од грамофонот на брат ми и бев стаписан. Знаев дека музиката е она што сакам да го правам. Мислам дека имав околу 9 години, но почнав да свирам кога наполнив 13 години.

– Твоите први влијанија беа?
    Џими Хендрикс, Рори Галахер, ЗЗ Топ, Стиви Реј Вон, Ерик Клептон, Хаулин Волф, Фреди Кинг, Алберт Кинг и ББ Кинг.

– Кој од нив имал најголемо влијание досега?
    По сите изминати години, сепак тоа би бил Џими Хендрикс. Тој засекогаш ја смени гитарата и начинот на кој таа треба да се свири.

– Постои ли некој со кого би сакал да соработуваш?
    Би сакал, кога би имал можност, да соработувам со Ворен Хејнс на некој проект. Едноставно, ми се допаѓа неговиот начин на свирење и компонирање. Тој, според мене, е „најработливиот“ музичар што го познавам.

– Имаш ли некоја неостварена желба?
    Би сакал повеќе вистински турнеи. Со нетрпение очекувам да дојдам во Европа и да ги запознаам моите фанови кои ги купуваа моите албуми во изминативе години. Среќен сум што мојата музика допира до сите краишта во светот.

– Која беше првата плоча што ја купи?
    Паметам дека првата плоча ја добив од брат ми; тоа беше „Дали си искусен“ од Џими Хендрикс. Таа плоча го смени текот на мојот живот.

– Која е последна плоча што си ја набавил?
    Последниот албум на Давт мјул.

– Пет албуми за пуст остров по твој избор би биле?
    Ова е тешко, но сепак: „Блајнд фејт“, „Група цигани“, на Хендрикс, „Дегуело“ на ЗЗ Топ и концертот во „Ел Мокамбо“ на Стиви Реј Вон.

Мет О’Ри

– Покрај сопствен материјал, кои теми од други автори ги застапуваш на твоите концерти?
    Ги има од различни жанрови. Ги свирам на свој начин, особено „Не можам да најдам пат до дома“ на Блајнд Фејт, „Промени“ на Хендрикс, „Мост на воздишки“ од Робин Трауер, „Те маѓепсав“ на Криденси, „Не се губи“ на Стоунси.

– Какво е твоето мислење за современата блуз сцена?
    Сметам дека се подобрува постојано, се појавуваат нови места каде што може да се свири и да се сретнат фанови. Интернетот, исто така, е од голема помош за независните музичари како мене. Сепак, најбитно е да се претставиш во најдобро светло за да се зборува повеќе за тебе.

– Дали е тешко за млад бенд да добие работа во областа каде што живееш, и во САД воопшто?
    Може да биде тешко. Напорно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+