Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Звук Осврти

Не свирам музика со умот, туку со срцето и душата

Интервју со Винисиуш Кантуарија, музичар и фудбалски фанатик


/5
стр. 1
Љупчо Јолевски

Винишиус Кантаурија

Меѓутоа, Њујорк не Ве пречекал со раширени раце.
    – Нималку. Во градот дојдов со семејството и изнајмивме малечок апартман во Бруклин. Иако не бев непознат, одеднаш се најдов во средина за која ништо не знаев. Во ред, бев подготвен да останам дури и цела година без работа, но почетоците таму навистина тешко ми паднаа. За среќа, во тие денови на преиспитување кој јас од не знам какви причини ги развлеков на цели шест месеци, многу ми се најде мојот пријател и славен њујоршки музичар Арто Линдзи. Тој, кога му јавив дека сум во Градот половина година, прво ми се налути што не сум го побарал порано и потем веднаш ме собра во студио каде што почнуваше да го снима својот нов албум.
    Во меѓувреме, започнав да свирам удиралки во клубот на еден мој италијански фан, па се префрлив на гитара и бидејќи таму навраќаа мнозина мои бразилски обожаватели набрзо тоа место стана од најпосетените во Гринич Вилиџ.

Сепак, вистинскиот пресврт Ви се случи токму со објавувањето на албумот на Линдзи.
    – Токму така. За Арто најнапред напишав една песна, потем уште една и на крајот станаа шест. Следуваше турнејата за промоција на материјалот од Mundo Sivilizado, па Арто ме запозна со Руичи Сакамото кој ме покани да свирам на неговата плоча и сè така со ред.

Можете ли да ги споредите обајцата како автори и изведувачи.
    – Се работи за двајца одлични музичари, но и за две комплетно различни личности и енергии. Тоа се фантастични автори кои љубат да експериментираат.

И Арто и Руичи вложија многу енергија во подготовката на Вашиот прв интернационален албум Sol na Cara ?
    – Токму така. Сакамото ги направи аранжманите за добар дел од песните, свиреше пијано на некои од нив, а Арто го продуцираше албумот. Што сакате повеќе од тоа? Sol na Cara беше моето големо отворање за светот. И, потем ми беше лесно. Следуваа Vinisius, Tucuma во 1999, Horse and Fish во минатата година и деновиве ја започнав промоцијата на новиот албум Silva кој треба да се појави во продажба наскоро со етикета на Ханибал.

Неговиот претходник Horce and Fish помина одлично и кај критиката и кај публиката. Очекувавте ли таков прием?
    – Мислам дека тоа е многу силен и емотивно набиен албум. Тој е резултат на моите последни четири години од престојот во САД. Песните ми беа готови подолго време и одлучив да ги снимам во живо во студиото. Ги собрав музичарите и едноставно им реков: Повелете свирете! Снимивме две сесии






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+